20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Русковска: Нема зошто да се плашам по обвинувањата за случајот 27 април

Поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска изјави дека „нема од што да се плаши“ по кривичната пријава поднесена од Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април 2017 година, кој ја обвинува за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба.

Русковска ги отфрли наводите дека постоела незаконска комуникација или договори со сведоци во текот на судската постапка.

„Неколку обвинети добија помали казни затоа што сведочеа за настанот во текот на главната расправа и тоа според ЗКП е дозволено. Не знам кој е тој сведок“, изјави таа.

Во однос на тврдењата за наводни контакти меѓу сведоци и функционери, Русковска не даде конкретен одговор, но посочи на несогласувања во рамките на обвинителските структури.

„Знам за обвинет кој беше обвинет и од страна на СЈО. Катица бараше да не го гонам, не се согласив“, рече таа.

Русковска повтори дека не чувствува притисок од новите обвинувања:

„Нема зошто да се плашам. Што може да каже тој ‘сведок’? Немало насилство во Собрание?“

Таа се осврна и на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој побара повторно разгледување на случајот.

„Премиерот нека се грижи за извештајот на Европската комисија, затоа што и вакви изјави многу придонесуваат за тоа што го пишува таму“, додаде Русковска.

Претходно, Јане Ченто соопшти дека до Обвинителството доставил докази за наводни притисоци и договори со сведоци во текот на судскиот процес.

„Сведокот со изјава заверена кај нотар изјавува дека неговиот претходен исказ бил невистинит и дека му било ветено дека ќе му се помогне во други постапки“, рече Ченто.

Тој додаде дека постојат и вештачења од мобилни телефони кои, според него, ги поткрепуваат овие тврдења, како и сомнежи за притисок врз судија поротник.

Од Јавното обвинителство соопштија дека пријавата ќе биде разгледана.

„Како и секоја пријава, ќе биде примена и ќе се проверат наводите“, информираа од обвинителството.

 

Related posts

Ахмети од Тирана: Без соживот и еднакви права – деновите на државата се избројани

admin

Крвави судири на границата: Тајланд и Камбоџа се борат додека Трамп се обидува да ги спречи!

admin

Синдикатите во Македонија протестираат за повисока минимална плата

admin

Во Скопје се разговара за европската перспектива на регионот

admin

Рама против Трамп: Албанија нема да прифати палестински бегалци, дури и ако САД побараат

admin

УЈИЕ ја пречекува проф. Карен Вествуд како Фулбрајт стипендист

admin