Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово денес соопшти дека проф. Карен Вествуд, правничка и експерт за правни библиотеки од Соединетите Американски Држави, се приклучила на универзитетот како Фулбрајт стипендист за една година.
На својот прв состанок со ректорот, проф. д-р Садудин Ибраими, и советничката за меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи, Вествуд се запозна со мисијата и приоритетите на универзитетот, како и со нејзината улога за време на престојот во Тетово, соопшти УЈИЕ.
За време на академската година, таа ќе предава на предметот Правна методологија (Legal Methodology) и ќе соработува со Институтот Макс ван дер Стул, Универзитетската библиотека и различни факултети за да воведе нови пристапи во наставата, истражувањето и меѓународната соработка.
Вествуд дипломирала Juris Doctor (JD) на Hamline University School of Law во 2007 година со оценка magna cum laude. Во моментов, таа е директорка на Правната библиотека Anne W. Grande во Округ Хенепин, Минесота, САД, каде управува со буџетот, персоналот и библиотечните услуги.
УЈИЕ оцени дека нејзиното богато академско и практично искуство ќе придонесе значително за универзитетскиот живот за време на нејзиниот престој во Тетово.

