20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Многудетното семејство е највисок патриотски чин

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека формирањето многудетни семејства е клуч за справување со демографската криза во земјата, предупредувајќи дека за две децении населението може да падне под еден милион жители.

„Тоа значи колапс за пензискиот фонд, тоа значи колапс за здравствениот фонд“, рече Мицкоски на настан во Владата посветен на демографските трендови, кој се одржа во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Тој оцени дека создавањето семејство, особено многудетно, е „највисок патриотски чин без разлика на етничка или верска припадност“ и додаде дека демографската рецесија е феномен кој трае повеќе од седум децении.

Според податоците што ги изнесе премиерот, во 1950 година во Македонија имало над 50.000 новородени бебиња, додека во 2024 година бројката изнесува околу 16.000. Како главни причини за падот тој ги посочи иселувањето на младите и намалениот наталитет.

Последниот попис регистрира над 1,8 милиони жители, но реално присутното население, според Мицкоски, не надминува 1,5 милиони. „За 20 до 25 години тоа што ќе им го оставиме на генерациите по нас ќе биде сериозен предизвик“, изјави тој.

Премиерот истакна дека поддршката на многудетните семејства ќе биде приоритет на неговата влада. „За џабе ни се градинки ако нема деца, за џабе училишта ако нема деца, за џабе градиме автопати ако нема кој да се вози по нив“, рече тој.

Директорката на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Флоренс Бауер, посочи дека со слични предизвици се соочуваат и други земји, вклучувајќи делови од Европа, САД, Канада, Австралија и Источна Азија, со намалена стапка на плодност, миграција и стареење на населението.

Related posts

Платата испарува на „храна и пијалоци“ – месечните трошоци стигнаа 63.908 денари!

admin

Касами ја честита победата на Албанија против Молдавија

admin

СРБИТЕ ВО СЕВЕРНО КОСОВО ГИ НАПУШТААТ БАРИКАДИТЕ

ninja

Фон дер Лајен: Путин е „предатор“, потребно е силно одвраќање

admin

САД разговараа со ЕУ за Западен Балкан

admin

Курти ја прати поддршката за ВЛЕН во С. Македонија, аналитичарите предупредуваат на мешање

admin