31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Партизацијата на М-НАВ дава „резултати“: Единствениот примарен радар на скопскиот аеродром во дефект, аеродромот во хаос

Примарниот радарски систем на скопскиот аеродром од средата вечерта е надвор од функција поради технички дефект, што ги принуди контролорите на летање да применат резервни процедури и да го намалат бројот на слетувања, соопштија од државната компанија за аеронавигација М-НАВ.

„Техничкиот дефект е од електронска природа и во моментов нема никакво безбедносно влијание врз воздушниот сообраќај,“ изјави Владимир Ристески, претседател на Управниот одбор на М-НАВ и директор на Секторот за воздухопловна навигација. Тој додаде дека компанијата соработува со италијанскиот производител на системот за да се отстрани дефектот.

Додека не се заменат оштетените мемориски делови, авионите ќе мора да слетуваат еден по еден со поголем временски интервал. Во случај на истовремено пристигнување на повеќе летови, дел од нив ќе кружат над аеродромот додека не добијат дозвола за слетување.

Радарскиот систем е инсталиран во 2000 година и чинел околу 2 милиони евра. Нов систем, исто така од италијански производител, е набавен за иста сума пред неколку месеци, но сè уште не е ставен во функција.

„Како што договоривме со синдикатот, новата опрема ќе се инсталира во зимскиот период, кога има помал број летови. Тоа е сложен процес кој бара време,“ рече Ристески, додавајќи дека италијанскиот добавувач доцнел со испораката и платил пенали.

Синдикатот на контролорите на летање со месеци предупредуваше за застарената опрема, барајќи итна замена. „Сите контролни центри во регионот веќе заменија по неколку системи, а ние уште работиме со оној од 2000 година,“ изјави Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање.

Контролорите летово се заканија со штрајк, наведувајќи дека не само радарот туку и софтверот и останатата опрема се на работ на функционалност. Штрајкот беше одложен по ветувањата на новото раководство дека новата технологија наскоро ќе се инсталира.

Обласната контрола на летање во Скопје годишно обработува околу 150.000 прелети, а во летната сезона повеќе од 600 летови дневно. Според Ристески, безбедноста не е доведена во прашање бидејќи контролорите добиваат радарски сигнали и од Охрид, како и од соседните земји – Бугарија, Грција и Србија.

Опозициската СДСМ го обвини М-НАВ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ за партизација и импровизација во една од најважните институции за безбедност. „Ова не е само технички дефект, туку резултат на насилното вдомување на партиски кадри. Македонија изгледа несериозно пред светот, а граѓаните и патниците се изложени на ризик,“ изјави партиската портпаролка Богданка Кузеска.

Таа додаде дека новото раководство ветило целосна замена на системот, но тоа не се случило. „ВМРО-ДПМНЕ ја претвори Македонската навигација во партиска филијала. Наместо професионализам, гледаме корупција и хаос,“ рече таа.

Инцидентот е прв голем тест за новото раководство на М-НАВ. Од нивната способност брзо да го решат проблемот, но и да ја забрзаат инсталацијата на новиот систем, ќе зависи дали ќе се стави крај на повеќегодишната криза во оваа клучна институција.

Related posts

Усвоен извештајот од ЕП: Албанија е „главен кандидат“, но ризикува застој ако не ги забрза реформите!

admin

Тајна дипломатска мисија во Виена? Сиљановска-Давкова најавува нов пристап за деблокада на патот кон ЕУ

admin

МНР ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА ПРАТЕНИКОТ КОСТАДИНОВ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ВТОРА БУГАРИЈА

ninja

Врие во ВЛЕН, Меџити: Мнозинството е стабилно

admin

Хаос во Бундестагот, лоша недела за демократијата

admin

Левица: Владата ја загрозува медиумската слобода, се зацврстува режимскиот модел на владеење

admin