20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Од токсикологија до дигитални платформи: Почнува најголемиот инвестициски циклус во здравството

Министерството за здравство продолжува со реализација на капитални и стратешки проекти насочени кон модернизација на здравствената инфраструктура и дигитална трансформација на системот, соопшти министерот за здравство Азир Алиу на состанокот на секторската работна група за здравство.

Според Министерството, меѓу приоритетните инвестиции се изградбата на новата Клиничка болница во Штип, Општата болница во Кичево и Клиничката болница во Тетово, како и Центар за рани и гангрени во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје. Во подоцнежна фаза е предвидена и изградба на нов Клинички центар.

„Нашата визија е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во инфраструктура не е само градба на објекти, туку инвестиција во луѓето, системот и иднината на државата“, изјави Алиу.

Паралелно со капиталните инвестиции, Министерството работи и на проекти за подобрување на условите во здравствените установи, меѓу кои се уредување на капацитетите за судски пациенти во Психијатриската болница во Скопје и формирање иновативен хаб во Кочани.

Во тек се и активности за воспоставување Ургентен центар за токсикологија, развој на ин витро капацитети во гинекологијата и зајакнување на интензивната нега во кардиологијата.

Алиу рече дека дигитализацијата останува еден од клучните столбови на реформите, при што се планира развој на национални дигитални платформи, лабораториски мрежи и интегрирани здравствени услуги.

„Модерната инфраструктура подразбира и модерни дигитални решенија. Целта е здравствените услуги да бидат подостапни и поефикасни за граѓаните без разлика каде живеат“, рече тој.

Според Министерството, инвестициите се дел од поширока стратегија за создавање посилен, подостапен и технолошки понапреден здравствен систем во земјата.

Related posts

Полска бара објаснување откако поранешен министер избегал од Унгарија во САД

admin

Ердоган се договара со Оган, неговите гласови се клучни за победа

admin

ТИМ ОД ВАШИНГТОН ЌЕ „ЛОВИ“ КОРУМПИРАНИ ФУНКЦИОНЕРИ

ninja

Голема полициска акција во Брисел: 15 европратеници осомничени за примање мито

admin

Северна Македонија бара 300 професионални војници во нов регрутациски повик

admin

„Не гледам причина за средба“: Путин јавно го одби предлогот на Зеленски

admin