10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Грчката амбасада реагира поради употребата на „Македонија“ од Меланија Трамп

Грчката амбасада во Вашингтон презеде дипломатска интервенција откако Меланија Трамп ја употреби формулацијата „Македонија“ наместо „Северна Македонија“ во говор на меѓународен настан, соопштија грчки медиуми.

Изјавата била дадена за време на самитот „Fostering the Future Together“, на кој учествувале претставници од десетици држави и технолошки компании. Употребата на терминот „Македонија“ за означување на земјата, според Атина, не е во согласност со Преспански договор.

Грчките дипломати контактирале со надлежни институции во САД со цел да се обезбеди употреба на официјалната терминологија во идните комуникации и записи.

Од амбасадата посочиле дека, согласно договорот од 2018 година и принципот „ерга омнес“, името „Северна Македонија“ е задолжително во сите меѓународни и јавни контексти.

„Употребата на ‘Македонија’ за означување на суверената држава во Скопје не само што ги игнорира меѓународните договори, туку создава и регионална конфузија во однос на културниот идентитет на грчката Македонија,“ наведуваат грчки дипломатски извори.

Интервенцијата, според нив, ја одразува зголемената внимателност на Атина кон примената на договорот, нагласувајќи дека одредницата „Северна“ е правно обврзувачка, а не опционална.

Случајот доаѓа во контекст на пошироко следење на изјавите на меѓународни претставници, при што грчките власти редовно реагираат на отстапувања од договорената терминологија.

Related posts

Европската комисија започна со исплата на средствата од Планот за раст, Косово и Србија сè уште без финансирање

admin

Албанија оди напред, Македонија бара гаранции: Колку ќе чини новото чекање за ЕУ?

admin

Градежништвото во ЕУ расте, но изградбата на згради тоне: Што покажуваат новите податоци

admin

80 години по Хирошима: Дали светот е на работ на нов нуклеарен кошмар?

admin

Пендаровски-Ескобар: САД стојат зад аспирациите за членство во ЕУ

admin

Тетовасот објави нов скандал: Касами продал јавен паркинг за само 190.000 евра

admin