Кога станува збор за правна сигурност и уставни гаранции за меѓуетничката реалност во Северна Македонија, веќе подолго време се најавуваат развои кои, наместо да ја водат државата напред, можат да создадат тензии кои не се непознати и кои веќе сме ги виделе или ги паметиме. Она што веднаш паѓа во очи е тенденцијата за нова „уставна“ реформа која би им покажала место на барањата на Албанците за почитување на актуелниот општествен договор, со кој, на пример, и албанскиот јазик е официјален. Главни актери во ова се претседателот на Уставниот суд, министерката за образование и македонскиот премиер, кои веќе подолго време албанскиот јазик го ставаат меѓу чеканот и наковалната.
Пишува: Селадин ЏЕЗАИРИ
Македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, ја избра говорницата во Парламентот за да ја разжари дебатата околу официјалната употреба на албанскиот јазик, со толкување кое би можело да се смета за застарено, но точно според Првиот Устав на Република Македонија (1991), без да објасни зошто речиси слово по слово го цитира членот 7 и „заборави“ да се повика на Амандманот V, усвоен со измените на Уставот во ноември 2001 година.
Да бидеме по-конкретни: Мицкоски им се обрати на пратениците од албанската опозиција со ладна сигурност:
„Не знам зошто се грижите, но според Уставот – официјален јазик на целата територија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Во општините каде повеќе од 20% од населението припаѓа на одредена заедница, се користи и јазикот на таа заедница,“ изјави македонскиот премиер.
Ваквиот став кореспондира со членот 7 од Уставот кој важеше до крајот на 2001 година:
„Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Во единиците на локална самоуправа, каде мнозинство се припадници на национални заедници, во официјална употреба покрај македонскиот јазик и кирилицата, се и јазикот и азбуката на националностите, на начин утврден со закон.“
Меѓутоа, по Охридскиот договор (13 август 2001), посредуван и гарантиран од меѓународната заедница, конкретно од САД и ЕУ, Собранието на Македонија ги направи следните измени во највисокиот државен акт, со нова Прембули и усвојување на Амандманот V кој го заменува членот 7:
„На целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, официјален јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Друг јазик, кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така е официјален јазик и неговата азбука, како што е утврдено со овој член. Личните документи на граѓаните кои зборуваат друг официјален јазик се издаваат на македонски јазик и неговата азбука, како и на тој јазик и азбука во согласност со законот. Секој граѓанин кој живее во единиците на локална самоуправа, каде најмалку 20% од граѓаните зборуваат друг официјален јазик, во комуникацијата со регионалните единици на министерствата може да го користи кој било од официјалните јазици и неговата азбука. Надлежните регионални единици одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на официјалниот јазик и азбуката што ја користи граѓанинот.“
Од сето ова се гледа дека дебатите, да не кажеме огорченоста, се прилично празни, поттикнати од македонски политички кругови кои се во тенденција за препишување на историјата, односно поништување на Охридскиот договор.
Особено алармантна е последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, која се поклопува со ставот на претседателот на Уставниот суд, Д. Костадиновски, и на министерката за образование, В. Јаневска, кои никако не го заборавиле споменатиот член, 15 години по неговото бришење!

