8.8 C
Скопје
25 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Бугарски медиум: „Северномакедонски партнери“ не е навреда

Бугарскиот портал Actualno.com објави коментар во кој го критикува министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, поради реакцијата на изразот „северномакедонски партнери“, употребен од бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова.

Во текстот се наведува дека, „по истата логика“, Муцунски би требало да ги повика и американскиот амбасадор, како и други странски претставници кои го користеле истиот термин.

Авторката на текстот тврди дека станува збор за „измислен скандал со Бугарија“ и оценува дека изразот „северномакедонски партнери“ е коректен, бидејќи се однесува на државна припадност, а не на идентитет.

Како пример, текстот посочува соопштение од март 2024 година, во кое американската сенаторка Џин Шахин изјавила дека САД треба да продолжат да работат со „северномакедонските партнери“ за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Во анализата се споменува и објава на канадската министерка Мелани Жоли од декември 2024 година, во која таа ја употребила фразата „северномакедонско-канадска заедница“.

„Тогаш ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски не реагираа“, наведува авторката.

Текстот доаѓа по дипломатските тензии меѓу Скопје и Софија, откако македонското Министерство за надворешни работи реагираше на изјавата на бугарската министерка Велислава Петрова-Чамова.

 

Related posts

Трамп подготвува огромни санкции: Кина и Индија на мета поради руска нафта

admin

Македонија, Србија, Бугарија и Грција договорија зимска размена на струја и нови енергетски врски

admin

Арсовска до Мицкоски: Ти си „лав“ само против жени, молчиш за криминалот на ВЛЕН

admin

Собранието ќе одлучува за два спорни закона за легализација на дивоградби

admin

ЕУ повикува на дијалог за испитот по правосудство на албански јазик, протестите оценети како легитимни

admin

Брисел ја турка Србија напред, но Холандија сè уште ја држи рампата спуштена

admin