11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Претрес во Скопје: пронајдена дрога, уапсен 49-годишник

Полицијата уапси 49-годишен скопјанец по претрес во неговиот дом во општина Аеродром, при што е пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Акцијата била спроведена синоќа околу 20 часот, кога полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лицето со иницијали А.Е. По извршениот преглед и претрес во неговиот дом и други простории, биле пронајдени наркотични средства.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Овој случај е дел од серијата полициски акции во земјава насочени кон сузбивање на недозволената трговија со дрога. Во изминатите денови, полицијата спроведе слични операции и во Тетово и други градови, при што беа приведени повеќе лица и запленети различни видови наркотични средства.

Related posts

ДУИ: Милошоски нема морален кредибилитет да зборува за правда

admin

Османи: Му се јавив на Ахмети да му кажам што изјавил Мицкоски, се насмеа и ми рече…

admin

„Електронски нараквици“ – Зајкова со критики до Собранието

admin

Касами: ВЛЕН останува силен и без Таравари

admin

Изборна еуфорија стивнува, бројките откриваат апатија и рекорден број неважечки ливчиња

admin

Колони на „Ќафасан“: Албански граѓани доаѓаат во Македонија по поевтино гориво и храна

admin