33.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Трамп ја спомена Македонија: Зошто Охридскиот договор повторно се најде во американски документ?

Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан, оценувајќи дека и натаму постојат закани за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Американски Држави.

Одлуката, објавена во Федералниот регистар, ги продолжува санкциските механизми насочени кон лица и организации обвинети за поткопување на мирот, безбедноста и демократските процеси во регионот.

Во документот повторно се наведуваат мировните договори и рамки кои Вашингтон ги смета за клучни за регионалната стабилност, меѓу нив и Охридскиот рамковен договор од 2001 година во Северна Македонија, кој беше вклучен во американскиот санкциски режим преку дополнувањата на извршната наредба од 2003 година.

Според Белата куќа, активностите на поединци и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство или го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, Косово и Северна Македонија и понатаму претставуваат причина за задржување на вонредните мерки.

Одлуката претставува продолжување на американската политика кон Западен Балкан, воспоставена пред повеќе од две децении, со цел поддршка на мирот, безбедноста и регионалната стабилност.

Продолжувањето на вонредната состојба не воведува нови санкции, туку ја задржува правната рамка што му овозможува на Вашингтон да презема мерки против лица и организации кои се сметаат за закана за спроведувањето на мировните договори во регионот.

Related posts

Ги читаат ли македонските власти бугарските писма до САД?

admin

ДИК одобри нови акредитации – над 1.400 набљудувачи ќе ги следат локалните избори

admin

Кинеската конкуренција го тресе европскиот гигант: Четири фабрики на „Фолксваген“ пред затворање

admin

Во сенката на туризмот: Плановите на Џаред Кушнер загрозуваат редок екосистем во Албанија

admin

Пет години по Преспа: Што се постигна?

admin

МУНДИЈАЛОТ ВО КАТАР МЕЃУ КОНТРОВЕРЗИТЕ И КВАЛИТЕТНИОТ ФУДБАЛ

ninja