27.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ахмети со сериозно обвинување: Истите луѓе стојат зад протестите во Србија и Албанија

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, изрази загриженост поради протестите што веќе 26 дена се одржуваат во Тирана, оценувајќи дека тие ѝ нанесуваат штета на Албанија и на нејзините стратешки интереси.

Говорејќи на партиски собир, Ахмети рече дека Албанија има историска улога за Албанците во регионот, особено за Косово, и затоа, како што наведе, со загриженост ги следи актуелните случувања.

„Албанија трпи два силни удари. Најмногу е погоден туризмот, кој е главната гранка на нејзината економија“, изјави Ахмети.

Тој тврдеше дека негативната кампања против Албанија започнала од Грција, поради конкуренцијата во туристичкиот сектор, а потоа, според него, била поддржана и од Србија.

„Истиот човек што ја води кампањата за протестите во Србија ја води и кампањата за протестите во Албанија“, рече Ахмети, без да наведе конкретни имиња.

Лидерот на ДУИ отфрли тврдења дека го брани албанскиот премиер Еди Рама.

„Не го бранам Еди Рама, ја бранам Албанија“, рече Ахмети.

Тој оцени дека протестите можат негативно да влијаат врз странските и домашните инвестиции, додавајќи дека инвеститорите избегнуваат средини во кои постои политичка и безбедносна неизвесност.

Ахмети истакна дека не ги смета демонстрантите за непријатели, но оцени дека тие „паднале во стапица на непријателите на албанската нација“, без целосно да ги согледаат последиците од протестите врз Албанија и регионот.

Related posts

Пратеник од С.Македонија на меѓународен безбедносен форум во Москва

admin

Трамп се „самопрогласи“ за Папа: Објава која предизвика бес кај католиците

admin

Брисел ја турка Србија напред, но Холандија сè уште ја држи рампата спуштена

admin

Мицкоски: Украина и Молдавија имаат опозиција што не работи за туѓи интереси

admin

Курти бара компромис за претседател – избори висат над земјата

admin

Три луксузни стана на Груевски повторно на продажба – најскапиот почнува од 850.000 евра

admin