12.8 C
Скопје
10 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Украина и Молдавија имаат опозиција што не работи за туѓи интереси

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека опозициите во Украина и Молдавија не работат против интересите на своите држави, коментирајќи го почетокот на пристапните преговори на двете земји со Европската Унија, додека евроинтегративниот процес на Северна Македонија останува блокиран поради спорот со Бугарија.

„Опозицијата на Украина и Молдавија не работи против своите граѓани и својата влада, не ја кочи сопствената влада и не работи за интересите на туѓи влади“, изјави Мицкоски при посетата на индустриската зона Жабени кај Битола.

Тој ја обвини претходната влада дека во минатото била подготвена да прифаќа отстапки за да остане на власт, додавајќи дека актуелната влада ќе продолжи со спроведување на реформите поврзани со Планот за раст на Европската Унија.

Изјавата доаѓа откако Украина и Молдавија во понеделникот ги започнаа пристапните преговори со ЕУ. Украина го доби зелено светло по промената на власта во Унгарија и договорот меѓу Будимпешта и Киев за унапредување на правата на унгарското малцинство во Украина.

Северна Македонија, која доби кандидатски статус уште во 2005 година, останува надвор од следната фаза на преговорите поради бугарските услови поврзани со уставните измени и билатералните прашања.

Мицкоски рече дека Владата нема да ветува брзи решенија.

„Резултати преку ноќ нема. Ние никогаш не сме ветувале чуда, ние не сме чудотворци“, изјави тој.

Во однос на најавената реконструкција на Владата, премиерот рече дека разговорите со коалициските партнери ќе продолжат по 17 јуни, по прославата на годишнината на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Related posts

Лагард: ЕУ мора да ја искористи „уникатната можност“ да ја намали доминацијата на доларот

admin

Олигарсите му го вртат грбот на Путин, Мелниченко го нарече “парија”

admin

Руската економија нанесе удар од Кина

admin

Меѓу Болоња и реалноста, универзитетот во потрага по иднината

admin

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО БИХ: НАЈАВЕНИТЕ ЗАКОНИ НА ВЛАСТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА СЕ РЕПРЕСИВНИ

ninja

Лондон вложува 6 милијарди евра во Македонија, Мицкоски најави стратешко партнерство

admin