31.2 C
Скопје
18 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ: По Груевски, ослободен и Латас – правосудството работи по налог на Мицкоски

СДСМ соопшти дека повлекувањето на обвинението против новинарот Драган Павловиќ-Латас во предметот „Тотал“ претставува уште една потврда дека правосудниот систем е под политичко влијание.

Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, изјави дека по ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“ и одлуката за враќање на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, сега и повлекувањето на обвинението против Латас покажува, според неа, селективна примена на правдата.

Таа тврди дека новото супервештачење, по кое бил намален износот на наводното даночно затајување, а обвинението било преквалификувано и застарело, претставува „провиден“ начин за завршување на постапката.

Кузеска го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека има директно влијание врз Обвинителството и судството, наведувајќи дека лицата блиски до ВМРО-ДПМНЕ не се соочуваат со правна одговорност, додека политичките противници се предмет на, како што рече, селективен прогон.

Според СДСМ, ваквите состојби ја оддалечуваат Северна Македонија од европските стандарди за владеење на правото.

 

Related posts

ОСМАНИ: БУГАРИЈА ПОТКЛЕКНА ПРЕД ПРОВОКАЦИИТЕ

ninja

Ретки метали, Иран и Тајван: Опасните теми на масата меѓу Трамп и Си

admin

35 дена револт: Тирана ја тестира власта на Рама

admin

„Солунската декларација“ – што донесе по две децении?

admin

Мицкоски со остра порака до младите: „Го трошите системот, а не придонесувате“

admin

ФЗО – ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

ninja