21.8 C
Скопје
16 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ДУИ: ВЛЕН нема етнички легитимитет за Законот за правична застапеност

ДУИ соопшти дека коалицијата ВЛЕН, наместо да одговори на забелешките за предложениот Закон за правична и соодветна застапеност, се служи со клевети и политички напади.

Од партијата посочуваат дека министерот Горан Минчев изјавил оти законот може да биде донесен и со „мал Бадентер“, додека вицепремиерот Изет Меџити јавно ја повикал албанската опозиција да го поддржи законското решение. Според ДУИ, тоа покажува дека ВЛЕН нема доволен етнички легитимитет и потребен број пратеници за обезбедување Бадентерово мнозинство.

ДУИ соопшти дека нема да поддржи закон кој, според нив, не предвидува обврзувачки механизми, санкции и гаранции за спроведување на правичната и соодветна застапеност, туку неговата примена ја остава на методологии што дополнително ќе ги утврдува Владата.

„Одбраната на Охридскиот рамковен договор и уставните гаранции не е блокада, туку политичка и национална одговорност“, наведуваат од партијата.

Во соопштението се додава дека ВЛЕН претходно ветувал механизам „посилен од Балансерот“, а сега предлага закон кој, според ДУИ, е послаб од постојното решение.

ДУИ оценува дека интересите на Албанците не се штитат со политичка пропаганда, туку со законски решенија што обезбедуваат реални гаранции, правна сигурност и спроведливи механизми. Партијата додава дека, доколку ВЛЕН смета дека предложениот закон е добар, треба самостојно да го брани пред јавноста, наместо да бара поддршка од опозицијата.

Related posts

Кочани тагува по жртвите од пожарот во дискотека, истрагата се проширува

admin

Кандидатката за антидискриминациската комисија ја повлече кандидатурата по јавни реакции

admin

Бизнисмени во пратеничките клупи

admin

Кој ќе го води „доброто владеење“? Мицкоски ја расчистува дилемата околу Димитар Димовски

admin

Северна Македонија прогласи седумдневна кризна состојба поради отежната набавка на мазут

admin

Советот на ЕУ даде зелено светло: Унгарија добива милијарди за реформи

admin