18.8 C
Скопје
16 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Колони кон Грција: Најголеми гужви на „Богородица“

Сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е засилен поради зголемениот број граѓани кои патуваат кон летните туристички дестинации, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Најголема фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин „Богородица“, каде има задржувања за излез од државата.

На другите гранични премини, од македонска страна, засега нема подолги чекања ниту за влез ниту за излез од земјата, информира АМСМ.

Од Сојузот ги повикаа возачите да ја следат состојбата на патиштата, да ја приспособат брзината на условите во сообраќајот и да ги почитуваат сообраќајните правила.

Зголемената фреквенција на возила е вообичаена за овој период од годината, кога голем број патници се упатуваат кон туристичките центри во Грција и другите летни дестинации.

Related posts

Германија подготвува најголема промена на Законот за слободен пристап до информации – новинарите предупредуваат на чекор назад

admin

Британски медиуми: Рама ја отфрли понудата на Стармер, дали Мицкоски и Османи ја прифатиле?

admin

Нема пресуда за вина: Предметот „Тотал“ затворен без осуда за Драган Павловиќ-Латас

admin

ЕК оценува како ќе се одрази таксата за транзит на руски гас

admin

„Максо има фирма во Бугарија?“ – нови обвинувања кон лидерот на ЗНАМ

admin

Свечена изјава на новоизбраните членки на Судскиот совет

admin