10.8 C
Скопје
2 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Подобро закон со недостатоци отколку без закон“: Гаши го брани предлогот за етничка застапеност

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека Предлог-законот за правична и соодветна застапеност може да има недостатоци, но нагласи дека неговото донесување е неопходно по 22 години чекање.

Гаши пред новинарите рече дека Владата и институциите не се обидуваат „да протнат“ закон без јавна расправа, додавајќи дека текстот бил подготвуван две години со учество на експерти и поминал редовна законодавна постапка и јавна дебата.

„Не е идејата да се контрабандира нешто на кое работевме две години со учество на експерти. Законот е донесен во редовна постапка и со јавна расправа. Се обидувам да создадам простор за разговор меѓу пратеничките групи за да биде усвоен еден толку важен закон што го чекаме 22 години“, изјави Гаши.

Тој повика политичките партии да ги искористат сите механизми за да постигнат поширок консензус околу законското решение.

„Не сме рекле дека законот е совршен. Тој може да има недостатоци, но тие засега се претпоставуваат. Сметам дека е многу подобро да имаме закон за правична и соодветна застапеност отколку воопшто да немаме закон“, рече Гаши.

Предлог-законот за правична и соодветна застапеност е едно од клучните законски решенија поврзани со спроведувањето на уставниот принцип за еднаква застапеност на заедниците во јавниот сектор и е предмет на политички дебати меѓу власта и опозицијата.

Related posts

Европа мора да размислува како Кина ако сака да преживее во ерата на хаос

admin

Горат Руските нафтени капацитети, Украина изврши масовен напад 

admin

Магјар го разочара Киев: Унгарија нема да испраќа оружје за Украина

admin

Алказар енерџи започнува изградба на ветерен парк од 500 милиони долари кај Штип

admin

Трка со времето за евакуација од Израел

admin

Хегсет продолжува со чистката: Заминува и командантот на силите во Европа

admin