31.3 C
Скопје
12 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Каде се Албанците, Охридскиот договор и НАТО? ДУИ со остри критики за владиниот спот

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја обвини Владата дека со промотивниот спот за одбележување 35 години од независноста на државата прикажува, како што оценува партијата, исклучиво македонска верзија на историјата, во која Албанците и неколку клучни настани од поновата историја се изоставени.

„Спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци. Албанците практично не постојат во приказната што Владата ја подготви за 35-те години на државата“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Партијата посочува и на учеството на оперскиот пејач Игор Дурловски, кого го поврзува со настаните од 27 април 2017 година, кога толпа насилно влезе во Собранието по изборот на Талат Џафери за претседател на парламентот.

ДУИ оценува дека уште позначајно е тоа што во спотот, според партијата, не се прикажани Охридскиот рамковен договор, членството на Северна Македонија во НАТО и Првата меѓувладина конференција со Европската Унија.

„Избришани се токму историските моменти што ја трансформираа државата од етнички проект во заедничка држава, ја закотвија во НАТО и го отворија патот кон Европската Унија“, соопшти ДУИ.

Партијата смета дека спотот ја отсликува политиката на актуелната влада кон Албанците.

„Албанците можеби ги има на списокот на министри, но ги нема во приказната за државата. Ги има како имиња и бројки за декор, но не како присуство, влијание и фактор во одлучувањето“, се наведува во реакцијата.

ДУИ дополнително ја обвини Владата дека по, како што наведува, „две години систематско демонтирање на механизмите на Охридскиот договор“, сега се обидува да ја избрише и меморијата за него.

„35-годишнината од независноста требаше да биде момент да покажеме каква држава изградивме заедно и каде сакаме да ја однесеме. Владата избра да покаже нешто друго: својата визија за држава во која Албанците се невидливи“, соопшти ДУИ.

Партијата ја завршува реакцијата со критика кон владејачката коалиција ВЛЕН, оценувајќи дека таа не успева да ги застапува Албанците во Владата.

Related posts

„Граѓаните не живеат од приказни“ – Филипче и ВМРО-ДПМНЕ во нова пресметка за економијата

admin

Харадинај: Курти уште денеска да поднесе оставка, премал е да ја смени ориентацијата на Косово

admin

Трамп се „самопрогласи“ за Папа: Објава која предизвика бес кај католиците

admin

Трговците од 1 Мај слободно ќе ги формираат цените

admin

Протести во Скопје, синдикатот бара 30.000 денари

admin

Полицијата разби уште една терористичка ќелија во Северна Македонија

admin