1.8 C
Скопје
6 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ја прифаќаме понудата – да одиме на предвремени избори

Демократската унија за интеграција побара распуштање на Собранието и одржување предвремени парламентарни избори, откако премиерот Христијан Мицкоски изразил подготвеност за избори доколку тоа го побара опозицијата.

„Го бараме тоа“, соопшти ДУИ, оценувајќи дека земјата има потреба од нов политички мандат.

Од партијата тврдат дека Владата го загубила легитимитетот поради, како што наведуваат, „европската изолација, деградирањето на меѓуетничките односи, нарушувањето на Охридскиот договор и слабеењето на застапеноста на Албанците во институциите“.

ДУИ побара изјавата на премиерот веднаш да биде преточена во конкретна политичка постапка.

„Бараме во следните денови да се утврди најбрзиот уставен рок, да започнат изборните подготовки и на граѓаните да им се даде можност да одлучат за правецот во кој ќе се движи земјата“, се наведува во реакцијата.

Според ДУИ, доколку понудата на Мицкоски е сериозна, нема причина за одложување или дополнителни политички калкулации.

„Опозицијата го даде својот одговор. ДУИ е подготвена. Нека се распушти Собранието. Нека се одреди датумот. Да одиме на избори“, порача партијата.

Related posts

Насилството во училиштата ескалира: Родителите ќе плаќаат казни од 250 евра

admin

Европската комисија предлага Украина да се приклучи на ЕУ роаминг-зоната од 2026 година

admin

Три рунди разговори во Киев: Зеленски откри што донесоа Виткоф и Кушнер од Москва

admin

Можноста за ескалација на состојбата во Украина е се` поприсутна, оценува врвот на МНР

ninja

ЛОГА МУ „ПРЕСУДИ“ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА

ninja

ЕУ отвора врата за решение: Нова визна стратегија носи олеснување за камионските превозници од Западен Балкан

admin