Дел од пензионерите во Македонија денеска предвреме ќе ги добијат пензиите за август, откако три банки почнаа со исплата на средствата на сметките на своите клиенти.
Стопанска банка АД Скопје, Халкбанк АД Скопје и АЛТА банка АД Битола информираа дека августовските пензии се исплаќаат денеска, 27 август.
Од Стопанска банка соопштија дека средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки и ќе бидат достапни за користење во текот на денот.
Халкбанк информира дека пензиите веќе се достапни за нејзините клиенти, кои средствата можат да ги користат преку филијалите, банкоматите и електронското банкарство.
АЛТА банка, исто така, соопшти дека сите нејзини клиенти-пензионери денеска предвреме ќе ја добијат августовската пензија.

