29.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАУКА

ВИ влегува во редакциите: СКУП-Македонија со нов прирачник поставува правила за новинарите

Вештачката интелигенција не треба да се сфаќа ниту како закана, ниту како апсолутно решение за предизвиците во медиумската сфера, туку како технологија што бара критичко разбирање, институционална одговорност и етичка зрелост.

Ова е една од главните пораки на прирачникот „Етичка и професионална употреба на вештачка интелигенција во новинарството“, подготвен од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија.

Прирачникот укажува дека само преку јасни правила, транспарентни политики и развој на дигиталната и медиумската писменост, вештачката интелигенција може да стане алатка што ќе придонесе за поинформирано, поправедно и поинклузивно општество.

Публикацијата е наменета за новинари, медиумски работници, истражувачи, студенти, институции, како и за сите што сакаат подобро да ги разберат етичките, правните и општествените аспекти на употребата на вештачката интелигенција.

Посебен акцент е ставен на професионалната и одговорна примена на генеративните ВИ-алатки во новинарството, во период кога тие сè повеќе се користат при истражување, обработка и производство на медиумски содржини.

Прирачникот се темели врз меѓународни стандарди и современи регулаторни пристапи кон вештачката интелигенција.

СКУП Македонија го подготви прирачникот во рамките на проектот „Зајакнување на етичката употреба на генеративни алатки за вештачка интелигенција и медиумското покривање на вештачката интелигенција преку образованието по новинарство во Северна Македонија“.

Проектот е финансиран од Меѓународната програма за развој на комуникациите (МПРК) на УНЕСКО.

Објавувањето на прирачникот доаѓа во време кога употребата на генеративна вештачка интелигенција во редакциите отвора сè повеќе прашања за точноста, авторството, транспарентноста, заштитата на изворите и одговорноста за објавените содржини.

Овој текст е подготвен во рамките на проектот „Зајакнување на етичката употреба на генеративни алатки за вештачка интелигенција и медиумското покривање на вештачката интелигенција преку образованието по новинарство во Северна Македонија“, финансиран од Меѓународната програма за развој на комуникациите (IPDC) на УНЕСКО. Изразените ставови и мислења се исклучиво на авторот/авторите и не мора да ги одразуваат ставовите на УНЕСКО како донатор.

Related posts

Фон дер Лајен: Сакаме што поскоро да ги отвориме преговорите со Скопје и Тирана

admin

Ќе заврши ли војната во Украина во 2025 година?

admin

ФИФА под жесток напад: Советот на Европа предупреди на влијание на политика, пари и обложување

admin

Германските газди останаа без наследници

admin

ЕУ немоќна пред војните во Иран и Украина по самитот во Брисел

admin

Европските лидери добија поддршка од Трамп за притисок врз Путин за безусловен прекин на огнот

admin