10.8 C
Скопје
6 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Нешков: Средбата Муцунски–Петрова не е пробив, туку само почеток

Бугарските новинари Нина Спасова и Љубчо Нешков оценија дека засега не се гледа промена во позицијата на Северна Македонија за внесувањето на Бугарите во Уставот, во пресрет на средбата меѓу министрите за надворешни работи на двете земји во Софија.

Во гостување на bTV, Спасова рече дека не очекува промена во односот на Скопје кон ова прашање и оцени дека официјалните власти не покажуваат подготвеност за таков чекор.

„Категорично не се гледаат знаци дека Македонија ќе ја промени политиката“, рече Спасова.

Таа се осврна и на последните полемики околу историски прашања, меѓу кои и изјавите за цар Самуил, оценувајќи дека и тие покажуваат дека нема значајно приближување на ставовите.

Нешков: Средбата меѓу министрите не треба да биде вест сама по себе

Нешков рече дека самата средба меѓу шефовите на дипломатиите не треба да се смета за пробив, бидејќи, како што рече, разговорот е дел од нивната работа.

„Тоа не треба да биде новина сама по себе, дека двајца дипломати се среќаваат. Тоа им е работа“, рече Нешков.

Тој ја критикуваше политиката на актуелната македонска влада, оценувајќи дека од нејзиното доаѓање на власт во 2024 година има „агресија и неподготвеност“ да се оди кон евроинтеграција.

Според Нешков, пораката на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при посетата на Скопје не била само да се испрати нота до Софија, туку да се направи суштински политички чекор.

Спор и околу тоа кој треба да посредува

Нешков се осврна и на претходните идеи за посредување од други европски лидери и држави, споменувајќи ги Унгарија, Франција, Италија и Германија.

Тој оцени дека барањето посредници не го решава суштинскиот проблем и дека долгото одложување на евроинтегративниот процес создава политички вакуум.

Според него, тој простор сè повеќе се исполнува со ориентација кон т.н. „српски свет“.

„Оваа држава претпочита да биде дел од српскиот политички, културен и историски простор, отколку да има вистински независна држава“, рече Нешков.

Критики и за состојбата во земјата

Нешков рече дека во разговорите со луѓе од Северна Македонија забележал силно незадоволство од економската, политичката и меѓуетничката состојба.

„Еден не беше среќен. Како еден не кажа дека одиме напред, дека економски сме добро, политички сме добро, меѓуетнички сме добро“, рече тој.

Тој оцени дека луѓето се „исклучително депресирани“ и дека постои чувство на застој и бесперспективност.

Изјавите доаѓаат пред средбата на македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова во Софија, која треба да се одржи на маргините на конференцијата за Коридорот 8.

 

Related posts

Светот низ карикатури

admin

Предметот што почна по смртта на 14 лица е затворен: Обвинителството не најде основа за гонење

admin

Животот покрај море не е секогаш поздрав: Нова студија открива изненадувачка причина

admin

Меџити за АЛФА: Четворица пратеници на „Европскиот фронт“ може да преминат во ВРЕДИ

admin

Штрајкот на контролорите на летање во мирување до конечни оставки на директорите

admin

ЕУ примила 4,3 милиони имигранти во 2023 година

admin