15.8 C
Скопје
23 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Незири за Тирана: Рама се обидува да ги измори демонстрантите, но притисокот расте

Политичката криза во Албанија може да трае со месеци и на крајот да заврши со предвремени парламентарни избори, оценува политичкиот аналитичар Џелал Незири, посочувајќи дека премиерот Еди Рама засега се обидува да добие време и да го намали интензитетот на протестите.

Во видео-интервју за „Фокус“, Незири рече дека демонстрациите почнале како протест против изградба на луксузни хотели во заштитени делови од албанското крајбрежје, но подоцна прераснале во пошироко антивладино движење.

Дел од демонстрантите бараат Рама целосно да се повлече од политиката, а меѓу останатите барања се споменуваат техничка влада и нови избори.

Протести без јасно раководство

Според Незири, еден од најголемите проблеми за владата е хоризонталната структура на протестите.

Нема јасно дефинирано раководство или група што би можела формално да преговара со власта, што го отежнува обидот кризата да се реши преку политички дијалог.

Тој го посочи и неуспешниот обид на Рама да отвори директен разговор со демонстрантите, кога пред неговата канцеларија биле поставени столици за средба, но толпа демонстранти ги искршила.

„Не се јасно прецизирани нивните барања“, рече Незири.

Според него, дел од демонстрантите бараат техничка влада што би организирала избори, други оставка на Рама, а трети негово целосно повлекување од политиката.

Незири оценува дека натамошниот развој во голема мера ќе зависи од стратегијата на албанскиот премиер.

Ако Рама процени дека може да го продолжи конфликтот и да го намали протестниот притисок со текот на времето, кризата може да продолжи со месеци.

„Ако одлучи дека не може повеќе да купува време и да игра на картата на долг рок за да ги измори демонстрантите, тогаш ситуацијата може да потрае повеќе месеци и на крајот повторно да заврши со предвремени избори“, рече Незири.

Не очекува повторување на 1997 година

И покрај насилствата на дел од протестите, Незири не очекува Албанија да влезе во сценарио слично на кризата од 1997 година, кога земјата западна во длабока анархија, а беа ограбени и магацини со оружје.

Според него, сегашната политичка и институционална состојба е поинаква и засега нема показатели дека кризата може да достигне таков степен на дестабилизација.

Во интервјуто Незири ги анализира и политичките случувања во Србија, каде студентските протести траат повеќе од две години и каде претстојните парламентарни избори се очекува да бидат едни од најнеизвесните во последните две децении.

Тој се осврнува и на протестите во Франција и други европски земји, како и на можните политички и општествени рефлексии врз Северна Македонија.

 

Related posts

„Крајот на Шенген“: Новите гранични контроли на Германија го ставаат на ризик единството на ЕУ

admin

СДСМ обвинува: 400 ангажирани пожарникари сѐ уште не добиле плата два месеци по завршување на конкурсот

admin

Во Арачиново приведен криумчар на мигранти

admin

Европа остана без својот голем филозоф: почина Јирген Хабермас

admin

ГРЦИЈА ГО РЕГИСТРИРАШЕ ЦЕНТАРОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ninja

Вучиќ нема контрола на северот на Косово: кој ги командува вооружените групи?

admin