5.8 C
Скопје
26 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Села жестоко удри по албанските опозициски партии

Во 2018 година се обиде да воспостави долгорочна соработка со Движењето БЕСА. Откако излезе со заеднички кандидат за претседател, опозициската коалиција не продолжи да функционира. Пред тоа му пропадна коалицијата со НДП. На парламентарните избори во 2018 година соработуваше со Алтернатива, но и оваа коалиција беше прекината по две години, кога оваа партија се согласи да влезе и самата во владината коалиција, оставајќи ја Алијансата за Албанците (АзА) сама во опозиција. Неможноста да се создаде стабилен опозициски фронт, кој ќе го победи на избори ДУИ, како да ја принуди АзА да направи голем пресврт. Оваа партија со своите 8 пратеници во февруари годинава стана дел од владата, заедно со СДСМ и ДУИ.

Сепак, влегувањето на АзА во владата како да ги разочара Движењето БЕСА и Алтернатива. Незадоволство изразија и претставници на „Огнената група“, фракција на ДУИ која пред еден месец го основа Демократското движење (ДД).

Шест месеци подоцна, на обвинувањата дека ја предал албанската опозиција одговори поранешниот претседател на АзА и актуелен претседател на партиското собрание Зиадин Села.

„Оние кои денес се нарекуваат опозиционери ја имаа само продолжената рака на соработка во Алијансата за Албанците. Дури и знаејќи ја нивната политичка моќ, дојдовме со визија за голем опозициски блок, да донесе промени што е можно поскоро. Подадовме рака за соработка на политичка сила која можеше да земе 1 или 2 пратеници, им дадовме 4. На крајот ни свртеа грб и бегаа, а денес во опозиција ни покажуваат морал“, рече Села, алудирајќи на коалицијата со Алтернатива со која на парламентарните избори во 2020 година освои 12 пратеници.

Без да споменува имиња, но алудирајќи на претседателот на БЕСА Билал Касами, Села рече дека му дале власт во општина Тетово.

„Ние му дадовме власт на овој другиот за да се зајакне овој опозициски блок, исто како во 2017 година кога бевме дел од Владата, свесни дека тогашната коалиција со Движењето Беса ќе не избрка од Владата, ја играа играта, се поделија на две и не избркаа Влада и си влегоа самите. И денеска се соединенија затоа што им недостига мотивот, власта. Им дадовме локална власт за да го изградат блокот и моќта на опозицијата, трчаа по луѓето од Алијансата да ја ослабат, но не успеаја“.

Села не го поштеди ниту Изет Меџит од ДД: „Има некои други актери кои си велеа дека правите 60 пратеници за да ја урнете Владата, јас сум 61-ви. И кога ги направивме 60 рече дека сега не е време“.

Од друга страна, сите опозициски албански партии беа остри во нивниот одговор кон Села.

„Во заедничката листа за советници АзА-Алтернативна, на локалните избори во 2021 година (Села) доби двајца советници, додека на изборите за советници во Тетово во 2022 година, кога излезе како АзА, не доби ниту еден. Едноставна математика, верувам“, изјави генералниот секретар на Алтернатива, Зекирија Ибрахими. „Ако мисли дека заслужил повеќе од 8 пратеници во 2020 година, да видиме дали може да добие и 8 пратеници на листите со ДУИ, на следните избори. Ако добие осум, тогаш навистина е Скендербег“.

Саранда Имери од ДД со конкретно прашања: “Зиадин Села, кога ќе го срушиш ДУИ?!”

„Зиадин Села ни покажа што не сме направиле, а колку сме биле неправедни! Ок, да но, зошто Села не ни кажа дали ќе ја сруши ДУИ од власт и како мисли тоа да го направи! Дали последователните коруптивни афери на функционерите на ДУИ се поврзани со АзА?! За разлика од него, и поединечно и јавно ги повикуваме да влезат во опозицискиот блок, бидејќи нивниот електорат е опозиција!“, вели Имери.

Од Движењето БЕСА, реагираше Нуредин Фетахи, висок функционер на партијата. „Зиадин Села, кој падна во хибернација штом дојде на власт, се разбуди и наеднаш ни се појави критикувајќи ја опозицијата и Движењето БЕСА. Зиадин Села првично ја формираше владата на Зоран Заев со 61 глас и потоа заврши како што заврши… Што се однесува до победата во општина Тетово, Зиадин Села и АзА ниту биле во комбинација, не постоеле и биле без структури, тоа многу добро го знаат и Села и АзА. И конечно, Албанците имаат традиција „или ја простуваат крвта или ја бараат, не бараат отштета“, вели Фетаи.

2024 година е година на двојни избори – парламентарни и претседателски. Партиите ја започнаа неформалната кампања со средби со граѓаните, додека целиот албански политички спектар најверојатно ќе се собере во две големи коалиции – на владините и на оние од опозицијата. /Инбокс7

Related posts

„Обама момент”: Првиот премиер Албанец во Македонија

admin

Курти и Вучиќ, сепак, потврдуваат учеството на средбата во Брисел

admin

ДЕЦАТА НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ – ТРН ВО ОКО ЗА ЈАВНОСТА

ninja

Не симнувај апликација за Вештачка Интелигенција без да го прочиташ ова

admin

Ердоган го повика Путин да дејствува со здрав разум

admin

ФИДЕШ на Орбан ќе ја подготвува ВМРО-ДПМНЕ за победа на парламентарните избори во 2024

admin