5.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Денес се очекува да биде лансирана социјалната мрежа на Трамп, објави Ројтерс

Новата социјална мрежа на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп „Truth Social“ веројатно ќе биде лансирана денес во продавница за апликации на „Епл“, според објавите на извршниот директор на тест верзијата, што потенцијално би значело враќање на Трамп на социјалните мрежи на Денот на американските претседатели, кој денес се одбележува во САД, објави Ројтерс.

Предводена од поранешниот републикански конгресмен Девин Нунес, „Trump Media & Technology Group“, компанијата која стои зад „Truth Social“, ќе се приклучи на технолошките компании кои се позиционираат себеси како шампиони во слободата на говорот и се надеваат дека ќе привлечат корисници кои чувствуваат дека нивните ставови се потиснати на платформите како „Твитер“, „Фејсбук“ и „Јутјуб“.

„Нашата цел, мислам дека ќе го постигнеме тоа, е до крајот на март да бидеме целосно оперативни барем во рамките на САД“, рече Нунес за телевизијата „Фокс“.

Лансирањето ќе го врати присуството на Трамп на социјалните мрежи повеќе од една година откако тој беше забранет од „Твитер“, „Фејсбук“ и „Алфабет Инк“ по нападот на 6.јануари на Конгресот од страна на негови поддржувачи, откако тој беше обвинет дека објавувал пораки што поттикнувале насилство.

На 15. февруари, најстариот син на Трамп Доналд Џуниор, објави на Твитер „Подгответе се! Вашиот омилен претседател ќе ве види наскоро!”, иако во последниве недели, Нунес јавно кажа дека апликацијата ќе биде во функција на крајот на март, објави Ројтерс.

Related posts

На самитот на министрите за надворешни работи на НАТО вниманието ќе биде насочено кон Рубио

admin

И натаму молк од Софија за Костадинов

admin

Тетовска фирма на вработен во Министерството за транспорт изработува ДУП-ови

admin

Се враќа проблемот со Грција, и Мицкоски нема намера да го употреби уставното име

admin

Каква надворешна политика ќе води канцеларот Мерц?

admin

“Булмак” негира одговорност за загадувањето на Крива Река, и покрај наодите за високи нивоа на цијанид

admin