26.8 C
Скопје
15 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Ковачевски: Нема закани за безбедноста, ни претстојат економски предизвици

Стабилна безбедносна состојба, но економска состојба со предизвици во иднина, е сублиматот од пораките што денеска ги упати премиерот Димитар Ковачевски, во неговото вонредно обраќање до јавноста.

Ковачевски се осврна на актуелните случувања поврзани со војната меѓу Русија и Украина, како и на можните економски последици од тој судир.

Граѓаните треба да се спокојни, бидејќи како членка на НАТО, ние ја уживаме, и можеме да сметаме на заштитата која ја нуди најмоќниот одбранбен сојуз во светот.
Димитар Ковачевски, Премиер на С.Македонија

„Граѓаните треба да се спокојни, бидејќи како членка на НАТО, ние ја уживаме, и можеме да сметаме на заштитата која ја нуди најмоќниот одбранбен сојуз во светот. Иако нашата желба е да се избегнат ситуации како оваа, сепак, во вакви услови на голема безбедносна дестабилизација, сфаќаме колку е значајно, да сме дел од најмоќниот воено-политички сојуз. Затоа, ве уверувам, нашата земја е безбедна“, рече Ковачевски.

Но, како што рече Ковачевски, „поголемите предизвици кои стојат пред нас, се економски“.

„Поради воените дејствија на Русија против Украина, глобалната енергетска и економска криза сега се продлабочува. Нѐ очекува неизвесна година каде економијата во Европа и светот ќе претрпи штети“, истакна премиерот.

Тој навести покачување на платите и пензиите, како и парична поддршка на компаниите. Се осврна и на енергетската криза.

„Очекуваното глобално влијание врз покачување на цените на основните прехранбени производи и енергенсите што би значело продлабочување на постоечката енергетска криза, е нешто за кое ние како Влада сме апсолутно подготвени и ќе одговориме соодветно“, рече Ковачевски.

Премиерот воедно упати и порака до сите институции во државата, “максимално одговорно да ги трошат средствата и максимално ефикасно да работат со цел амортизирање на негативни последици од кризата“.

Ковачевски треба да објасни што ќе преземе владата за покачувањето на енергенсите кои директно ќе удрат по стандардот на граѓаните и стопанството.
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

Набргу после обраќањето на Ковачевски, се огласи опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде што истакнаа дека премиерот не кажал конкретни мерки за заштита на граѓаните од претстојните кризи.

„Ковачевски треба да објасни што ќе преземе владата за покачувањето на енергенсите кои директно ќе удрат по стандардот на граѓаните и стопанството. Само во година и пол струјата е номинално покачена за над 30%, а за одредени субјекти таа е поскапа и за 300-800%. Горивата исто така се драстично поскапени и за жал се уште ќе растат, а Владата на Ковачевски може да се откаже барем од дел од новите такси и давачки кои ги воведе во изминатите 4 години со цел да ја намали цената на горивата и со тоа да им помогне на граѓаните и компаниите“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Related posts

Мицкоски: Политички лешинари и платеници на власта ме напаѓаат, СДСМ и ДУИ нека кажат која опција е прифатлива за нив

admin

Што има внатре во нуклеарната топка на претседателот

admin

Екс министерот Сали не знаел за КАТО системот на Онкологија

admin

Реагира ЕУ: Жалиме што Сиљановска-Давкова не го употреби уставното име

admin

„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПОД СТРАЖА

ninja

Спасовски: Денес се навршуваат 8 години од „Диво Насеље” – никогаш да не се повтори!

admin