15.8 C
Скопје
11 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Украина се согласи да разговара со Русија на белоруската граница, соопшти кабинетот на Зеленски

Се договоривме украинската делегација да се сретне со руската делегација без претходни услови на украинско-белоруската граница, во реонот на реката Припјат, соопшти кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Русија веќе испрати во Белорусија официјални претставници на разговори.

Руските трупи и денес продолжија да се борат со украинските одбранбени сили и војници за контрола на Киев и други градови, четврти ден од руската инвазија на Украина.

Денес руските војници влегоа во Харков, вториот по големина град во Украина, каде наидоа на силен отпор.

Главниот обвинител на Украина Ирина Венедиктова, рече дека руските сили не успеале да го заземат Харков, на околу 40 километри од руската граница.

Таа рече дека во тек е жестока битка, според Асошиетед прес. Раноутринава, канцеларијата на украинскиот претседател извести за експлозија во Харков и соопшти дека руските сили разнеле гасовод.

Експлозијата би можела да предизвика „еколошка катастрофа“, се вели во изјавата, и ги повика жителите да ги покријат прозорците со влажна крпа или газа и да пијат многу течности.

Има извештаи и за гранатирање во источниот украински град Доњецк, кој од 2014 година го држат сепаратистите поддржани од Русија.

Западните сојузници одговараат на повикот за помош на Зеленски.

САД обезбедуваат речиси 54 милиони долари дополнителна хуманитарна помош за народот на Украина.

„Оваа помош им овозможува на хуманитарните организации да ги поддржат граѓаните на Украина кои веќе имаат потреба и оние кои се новопогодени од неиспровоцираниот и неоправдан напад на Русија“, напиша на Твитер државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера изјави дека неговата земја ќе и испрати на Украина 1.000 противтенковски оружја и 500 ракети земја-воздух „што е можно побрзо“, а францускиот претседателски кабинет соопшти дека Франција ќе испрати одбранбено оружје и гориво.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

Related posts

ВЕТИНГ ТРЕБА, АМА КОЈ ДА ГО НАПРАВИ?

ninja

Паѓа градежниот бизнис – за една година изградени 530 станови

admin

Битка за статус кво или битка за промени

admin

Забраната за влез на архимандрит – порака со повеќе значења

admin

11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ

admin

Законот за игри на среќа не помина во Собранието

admin