27.8 C
Скопје
30 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Средба Груби – Грвала: Регионот е побезбеден како дел од НАТО и ЕУ

Првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со делегацијата од Република Косово предводена од вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала, пренесува КДП.

Во фокус на разговорот помеѓу двајцата соговорници беше продлабочувањето на соработката помеѓу двете земји, со посебен акцент на спроведувањето на 11 договори за соработка кои беа потпишани на првата заедничка владина седница помеѓу Владата на Република Косово и Владата на Република Северна Македонија одржана во месец септември минатата година во Скопје. Во таа насока, предвидено е да се формира заеднички тим за следење на имплементација на овие договори.

Груби и Грвала исто така разговараа и за одржување на втората заедничка седница помеѓу двете влади во Приштина кон крајот на месец мај оваа година.

Првиот вицепремиер Груби на средбата истакна дека Република Косово сакаме да ја видиме како дел од секој регионален форум и пошироко.

Членството во Европската Унија, предизвиците и спорот со Република Бугарија исто така беа теми на денешната средба, каде што Првиот вицепремиер Груби ја информираше министерската Грвала за напредокот на дијалогот со официјална Софија,  додавајќи  дека напредокот во оваа насока е добар сигнал за решавање на спорот и добивање зелено светло за почеток на разговорите со ЕУ и одржување на првата меѓувладина конференција.

Груби и Грвала заеднички ја осудија руската агресија врз Украина и изразија солидарност и целосна координација со безбедносните и надворешните политики на НАТО и ЕУ.

 

 

 

 

Related posts

Ковачевски – Шолц: Германија ја очекува Северна Македонија во ЕУ

admin

Пендаровски ја советува Владата да не брза со уставните измени

ninja

Косово: Изолиран инцидент или ладни проби за жежок конфликт?

admin

Неверојатно: Авион на Wizz Air полн со патници слета на непозната локација

admin

„РЕФОРМИ“: Власта со една рака затвора институции, со двете отвора нови

admin

По измените на Кривичниот законик реагира САД: Мора да покажете резултати

admin