28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

САД санкционираа над 50 олигарси и соработници на Путин, меѓу кои и портпаролот Песков

Вашингтон денес воведе уште една рунда санкции за кругот на најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, неколку часа откако руските и украинските официјални лица изјавија дека руските сили ја презеле контролата врз стратешкиот украински пристанишен град Херсон и дека гранатирале големи градови, при што досега повеќе од еден милион луѓе беа принудени да ја напуштат земјата.

Меѓу новосанкционираните олигарси е блискиот сојузник на Путин Алишер Усманов, едно од најбогатите лица во Русија.

Германските власти ја запленија неговата јахта долга 512 метри, чија вредност се проценува на речиси 600 милиони долари.

Според наредбата, неговиот приватен авион е исто така отворен за запленување.

Мерката, исто така, забранува повеќе од 50 богати Руси да патуваат во САД.

„Денес објавувам дека додаваме десетици имиња на списокот, вклучително и еден од најбогатите руски милијардери, и забранувам патување во Америка на повеќе од 50 руски олигарси, нивните семејства и нивните блиски соработници“, изјави денес претседателот Џо Бајден, и додаде: „И ние ќе продолжиме да го поддржуваме украинскиот народ со директна помош“.

Спискот со санкции вклучува и некои од најстарите пријатели на Путин, поранешен партнер во џудо и други со врски со платеничката група Вагнер и портпаролот на Путин Дмитриј Песков.

„Еден од големите фактори е секако близината до претседателот Путин“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

„Сакаме тој да го почувствува притисокот. Сакаме луѓето околу него да го почувствуваат притисокот. Не верувам дека ова ќе биде последната група олигарси. Да направиме приоритет и фокус на нашите индивидуални санкции е нешто на што беше фокусиран претседателот“, рече Псаки./ VOA

Related posts

Уапсени 13 возачи низ државата, одземени шест автомобили поради опасно возење

admin

Мицкоски: Буџетот е стабилен, засега не се планира зголемување на дефицитот

admin

Собранието на Косово не успеа да се конституира, Курти нема мнозинство

admin

Дали Ескобар ќе го „омекне“ Мицкоски?

admin

Владата ги брани летовите со владиниот авион, обвинувањата на СДСМ ги оценува како политичка хипокризија

admin

Главоболки за Путин: Индија не купува повеќе руска нафта

admin