11.8 C
Скопје
9 ноември, 2024
Inbox7.mk
ИНТЕРВЈУ

Бејџан Илјаз за КДП: Процентите од пописот се нереални, ниту ги прифаќаме ниту ги признаваме

Пописот предизвика реакции кај етничките Турци во Северна Македонија. Лидерот на партијата ТДП (Демократска партија на Турците), Бејџан Илјаз, во интервју за КДП вели дека бројките и процентите што произлегуваат од процесот на пописот не се реални.

„ Демократската Партија на Турците и Националното координативно тело за пописот на Турскиот народ во Северна Македонија соопшти дека објавените бројки и проценти за Турците во пописот се нереални, и дека затоа резултатите не ги признаваме и не ги прифаќаме“, рече Илјаз.

Тој вели дека не се реални бројките кои покажуваат пораст на бројот на етничките Турци од 2002 до 2021 година, додека пописот е во спротивност со бројките што претходно ги објави Државниот завод за статистика.

Илјаз, чија партија е дел од владејачката коалиција, зборува и за иницијативата поднесена до Собранието за реформа на Изборниот законик, со која се предлага земјата да биде една изборна единица.

Лидерот на ТДП одговараше и на прашања за улогата на Турција во северна Македонија и нејзиното влијание во регионот.

Разговараше: Џелал Незири

КДП: Во последниот попис излегоа проценти кои предизвикаа дилеми и дебати во јавното мислење. Бројот на Турците останува приближно ист. Ги прифаќате ли овие резултати?

Анализите продолжуваат со тоа што уште немаме целосни резултати по општини но уверени сме дека нелогичностите уште ќе продолжат и на крај ги повикуваме на одговорност сите одговорни лица и институции.

БЕЈЏАН ИЛЈАЗ: Објавените резултати на пописот од 2021 година на жалост уште една докажа дека како држава немаме капацитет да спроведеме демократски и реална статистичка операција. По направените првични анализи се докажа дека резултатите се далеку од вистината и на жалост и после сите повици за реален попис се крајно политизирани. Од почетокот на донесувањето на законот за попис укажавме за можните проусти слабости на законот и за процесот и истото се докажа при спроведувањето на пописот. На почеток на пописот сите релевантни институции на Турците во државата ја формираа Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Северна Македонија.

Демократската Партија на Турците и Националното координативно тело за пописот на Турскиот народ во Северна Македонија соопшти дека објавените бројки и проценти за Турците во пописот се нереални, и дека затоа резултатите не ги признаваме и не ги прифаќаме.

Истакнуваме дека приказот за зголемувањето на вкупното турско население во земјата изнесува само 5.484 лица за 19-годишен период, значи отфрлање на сите статистички податоци, врз основа на бројот на родени и умрени во периодот 2010 – 2020 година, порастот во овој период изнесува вкупно 4.307 лица (родени: 9.564, починати: 5.257). Врз основа на овој податок, разликата меѓу бројот на родени и умрени во периодот меѓу 2002 и 2009 година изнесува само 1.177 лица. Значи, според Државниот завод за статистика, во периодот од 2002 до 2009 година станува збор за зголемување на турската популација за само 1.177 лица.

Ова нема никаква поврзаност со реалноста, ниту одблизу, ниту оддалеку.

Покрај тоа, податокот дека не е обелоденета етничката припадност на 132.260 лица, го прави сомнителен целиот овој процес. Државниот завод за статистика мора веднаш и што поскоро да ги открие податоците за овие лица. Покрај тоа, неопходно е да се открие и на кои општини од нашата држава се жители вкупно 12.482 наши сонародници кои живеат во странство. Доколку со јасни и официјални податоци не се расчистат сомнежите за пописниот процес, оваа активност нема да биде ништо друго освен политичка операција.

Националното координативно тело и исто така Демократската партија на Турците наведовме дека во текот на процесот многупати го изразивме незадоволството околу методологијата, недостатоците при пописот, недоволниот број Турци попишувачи и инструктори, прекините и со денови нефункционирањето на апликацијата за попишување во земјава и во странство, проблемите со преводот и недостатоците во софтверот, недоволната информираност на населението за пописот, притисоците и манипулациите на терен и фактот дека многу граѓани Турци не се избројани.

Потсетуваме дека за проблемите, пропустите и забелешките се информирани сите надлежни институции, органи и претставништва на странските мисии во државата,  барањата се занемарени и игнорирани и дека ваквиот пристап на надлежните институции го засени целокупниот пописен процес.

Анализите продолжуваат со тоа што уште немаме целосни резултати по општини но уверени сме дека нелогичностите уште ќе продолжат и на крај ги повикуваме на одговорност сите одговорни лица и институции.

 КДП: Пред извесно време поднесовте предлог за измена на Изборниот законик каде што предвидувате трансформација на Северна Македонија од 6 во 1 изборна единица. Зошто таков предлог?

БЕЈЏАН ИЛЈАЗ: Евидентно е дека во последната деценија политичкиот систем во државата премина од повеќепартиски систем кон биполарен систем, во кој две главни политички опции ја делат власта. Еден од најбезболните начини за враќање кон политичкиот плурализам е токму оној кој налага ревидирање на одредбите од изборниот законик, во насока на адаптирање на решението според кое целата државна територија би се обликувала во една изборна со отсуство на изборен праг, како би им се овозможило и на помалите и на малцинските политички опции да го остварат своето право на преставување.

Деновиве преку средствата за јавно информирање како и на социјалните мрежи, позачестени се изјави, коментари, партиски соопштенија и сл. кои одат во правец на измени на изборниот законик а кој пред се, се однесуваат на измени во изборниот модел. Со оглед на фактот дека е вообичаено и пожелно измените на изборниот законик да се извршат со целосен консензус на политичките партии, во име на Демократската Партија на Турците на Македонија (ТДП) ги замолуваме политичките партии целосно да се посветат на предлогот на повеќе пратеници, да се воведе „пропорционален модел„ каде територијата на Република Северна Македонија би била „една изборна единица„ без изборен праг.

Потсетуваме дека е крајно време поголемите политички партии да излезат од „стегите на своите теснопартиски интереси„ и да прифатат изборен модел кој ќе им овозможи и на помалите политички субјекти да го валоризираат секој глас на избирачите, со што ќе се рефлектира изборната воља на граѓаните и во Собранието на Р.С.М.

Сите останати наводно добри решенија се само „перфидни игри“ да се изигра иницијативата на групата пратеници а притоа да се остави впечаток на праведност и демократичност. Многу е „почесно“ отворено и јасно да се наведат причините поради кои не се прифаќа иницијативата на групата пратеници, отколку да се замајува јавноста со провидни политички решенија.

КДП: Се чини дека сегашниот модел со шест изборни единици повеќе им одговара на големите партии. Или, со други зборови, не го претпочитаат моделот со една единица. Што ако овој предлог не помине?

БЕЈЏАН ИЛЈАЗ: Евентуалното неприфаќање на промена на изборниот систем или делумно прифаќање ќе сведочи за незрелата демократија и перцепција на плурализмот. Широк консензус е повеќе од потребно но тоа не значи дека не треба да има измени. Демократската партија на Турците со години се залага за измена на изборниот законик и веројатно ако не се прифаќаат предложените измени ќе ги користиме сите наши демократски права за да докажеме дека сме разумни и рационални во нашите барања.

КДП: Може ли да падне владата ако не се прифати Вашиот предлог?

БЕЈЏАН ИЛЈАЗ: Како дел од мнозинството во собранието, има доволен број на пратеници кои сериозно би можеле ова да го реализираат. Но, уцените никогаш не треба да бидат појдовна точка за усогласување за поддршка за ваква измена на изборниот законик.

КДП: Кои се плановите на ТДП за следните избори? Ќе одите сами или во коалиција со некоја поголема партија?

БЕЈЏАН ИЛЈАЗ: Хендикеп на Турците и на нашата партија е дека Турците живеат насекаде во државата но со капацитетот на гласовите гарантираме едно пратеничко место во 6.изборна единица. Во 5.та и 4.та изборна единица имаме реални шанси да освоиме мандати. Со евентуална промена на изборниот законик како една изборна единица на избори ќе одиме сами како политичка партија и размислуваме да повикаме и за заеднички настап и на другите Турските политички партии за да се валоризира турскиот глас.

КДП: Во речиси сите анкети, Турција се гледа како најпријателска земја за граѓаните на Северна Македонија, без разлика на нивната етничка или верска припадност. Како го коментирате ова?

Целта на Турција на Балканот е воспоставување на мир и стабилност. Турција ја истакнува својата улога како стабилизирачки фактор во регионот. Исто така има важна улога во  економијата, трговијата, транспортот, инфраструктурата и инвестициите во регионот.

БЕЈЏАН ИЛЈАЗ: Република Турција меѓу е втората земја што ја призна независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на земјава на 6 март 1992 година. Дипломатските односи беа воспоставени под уставното име на 26 август 1992 година.

Односите меѓу Република Северна Македонија и Република Турција се на високо ниво, засновани врз Стратегијата за зајакнување на билатералните односи, потпишана во 2008 година. Билатералните односи се карактеризираат со силно традиционално пријателство, меѓусебно разбирање, толеранција и активна соработка.

Меѓу двете земји се остваруваат редовни средби на сите нивоа и одлична соработка на регионално и мултилатерално ниво. Заемна е констатацијата дека одржувањето на интензивна комуникација на високо ниво, силно придонесува за унапредување на севкупните односи. Постои отворена меѓусебна поддршка за евроинтегративните процеси, а договорната состојба ги покрива речиси сите полиња од заеднички интерес.

Јас како пратеник и претседател на пратеничка група за соработка со Парламентот на Турција ја ценам заложбата на мојата матична земја и верувам дека и така одличните меѓудржавни односи треба да продолжат. Република Türkiye ( од скоро Турција донесе одлука на меѓународен план да се називи со оригиналното име) е искрен пријател на балканските држави и на народи и така ќе продолжи.

КДП: Турција има значително присуство и влијание во земјата, но и на Западен Балкан. Како ја оценувате оваа улога на Анкара?

БЕЈЏАН ИЛЈАЗ: Турција има блиски односи со балканските земји, врз основа на нашата заедничка историја. Со векови Турците живееле заедно, едни до други со луѓето од регионот. Денес сме во сродни врски со заедниците во бројни балкански држави.

Турција се раководи од неколку основни принципи чија главна цел е остварување на евро-атлантската интеграција на целиот регион. „Кога сите земји од регионот ќе станат членки на ЕУ, ќе имаме траен мир и стабилност. Актуелните граници ќе го загубат значењето.

Целта на Турција на Балканот е воспоставување на мир и стабилност.

Турција ја истакнува својата улога како стабилизирачки фактор во регионот. Исто така има важна улога во  економијата, трговијата, транспортот, инфраструктурата и инвестициите во регионот.

Related posts

Иван Виденовиќ: Вучиќ е наследник на Милошевиќ, потребна е промена на српската политичка парадигма

admin

Пешевски од ССМ: Нема цена што ќе натера градежен работник да работи 60 часа неделно

admin

Гарсија: Во преговарачкиот процес пречки може да има и од други земји

admin

АНГЕЛА АГЕЛЕР ЗА „ЦРНИТЕ ЛИСТИ“: САД знаат дека тие лица биле вмешани во коруптивни активности

admin

ИДРИЗИ: НЕОПХОДНО Е ДЕПОЛАРИЗАЦИЈА НА ДИСКУРСОТ ВО ЈАВНИОТ ПРОСТОР

admin

Османи: Ако сака Влада, ВМРО-ДПМНЕ мора да се согласи на уставни измени

admin