10.8 C
Скопје
25 април, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Македонската економија индиректен заложник на кризата во Украина

Трговските односи на Северна Македонија со Руската Федерација се занемарливи. Од државава се извезува само овошје и зелечнчук во помали количини, додека увозот претежно е на енергенси. Првиот удар од кризата веќе е поминат, се очекува ценовна стабилизација на повисоко рамниште

Пишува: Горан Лефков

Кога светската економија ќе кивне, Македонската добива воспаление на белите дробови. Овој афоризам најлесно ја отцртува состојбата на Македонската економија во услови на криза. Засега руската агресија на Украина, за нашата економија нема големи последици за стопанските субјекти кои работат со Русија, бидејќи и немавме голем извоз на овој пазар. Од државава за Руската Федерација главно заминуваше зелка, прски, јаболки и останати земјоделски култури во помали количини.

Игор Митревски извозник на овошје, пред се на Преспанско јаболко вели дека со Русија и досега бизнисот одел тешко.

„Руската федерација не е пазар за Македонските производи. Немаме доволни количини да се бориме со големите производители на овошје, како Италија, Шпанија и Полска. Тие се големи и можат да седнат и да се договарат со руските партнери. Друга голема пречка е што за влез на рускиот пазар за нашите производи има царина од 30% што во старт ги поскапува цените“, вели Митревски.

Тој додава и дка руските потрошувачи се многу пребирливи, а нашето земјоделско производство тешко се преструктуира на тие стандарди, особено сортите на јаболка што ги бара рускиот и западните пазари.

Македонските извозници се снајдуваат за пристап на тој пазар како знаат и умеат, но потенцираат дека нема да бидат дирекно многу погодени, бидејќи и досега не изнесувале многу производство таму.

Со санкции од руската федерација и кон некои увозници. Крсте Георгиев, дистрибутер за руските џипови Уаз, се жали дека тешко оди соработката со руските партнери.

„Од почетокот на војната во Украина, руската влада воведе технолоши санкции и деловите за нашите возила не можеме да ги увеземе и внесеме на пазарот“, додава кратко Георгиев.

Во моментот на нашиот разговор се обидуваше да најде излез од новонастанатата состојба.

Побаравме изјава и од Комирата на Северо-западна Македонија, но до затворањето на овој текст не добивме одговор.

Недостатокот на руските енергенси од пазарот ја кренаа цената

Северна Македонија е најпогодена во делот на увозот на природен гас. Минатата година во земјава се увезени рекордни 430 милиони метри кубни гас. Тоа е помалку од половина искористеност на цевката за гас што ја имаме и преку која добиваме гас преку Бугарија.

Цените на гасот се покачија за неколку пати. Северна Македонија како држава е 100% зависна од рускиот гас. За жал досега не се изградени алтернативни приклучоци за гас. Според директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи, оваа година планирано е да започне иградбата на гасниот интерконектор со Р.Грција.

„Ние на нашата јужна граница, блиску до Гевгелија ќе се поврземе со преносната мрежа на Грчкиот оператор за пренос Десфа, кој во НЕА МЕСИМВРИА се поврзува со јужниот коридор ТАП. Вкупната должина на наша територија ќе биде 68 километри, со вкупен годишен капацитет од 2.8 милијарди м3. Овој проект, 80% ќе се финансира со кредит и 20 % е грант од WBIF, кој што веќе е потпишан, исто како и договорот со ЕИБ. Останува да завршиме со преговорите со ЕБОР,кој што се очекува да учествува со 30% од заемот“, вели Реџепи.

Тој додава дека оваа интерконекција со нашата преносна мрежа ќе се поврзе во Неготино, и се очекува да стане оперативен во 2024 година, со што ги диверсифицираме и стабилизираме нашите извори са снабдување со природен гас.

Кога ќе го имаме комплетирано алтернативното поврзување со ТАП (Транс Адриатик пејплајн), догаш можеме да кажеме дека земјава е понезависна в о снабдувањето со гас.

Сега цените за рускиот гас знаат да надминат 1.000 долари за метар кубен гас.

Растот на цените на светските берзи за финансиските аналитичари се вистински проблем за економијата. Матијас Ларсон, меѓународен експерт за финансии, смета дека на долг рок зголемувањето на цените ќе ја отвори и ценовната спирала.

„Русија е голем снабдувач на гас. Таа произведува 11% оф светското снабдување на гас. Околу 7% троши за сопствени потреби, додека останатото го пласираше за извоз“, смета Ларсон.

Тој очекува заради војната во Украина и санкциите од останатите земји во светот, руската економија да падне со 10%, додека Украинската за 20%

Истотака, Русија е голем производител на никел, неговиот недостаок и те како ќе влијае на покачувањето на цените.

Ларсон очекува сите економии да доживеат пад во брутодомашниот производ. Меѓунив ја споменува и македонската економија.

Од тоа што го видовме е дека не очекува тивка инфлација што во многу ќе влијае на стандардот на граѓаните. За жал Северна Македонија како отворена економија, ќе има индирекни последици при увозот на енергенси и врз целата економија.

 

Related posts

Анализа на Дојче веле / „Обама момент”: Првиот премиер Албанец во Македонија

admin

Денес не треба никој пред никого да клечи 

admin

Општетсвото да се бори повеќе за медиумската саморегулација

admin

 АМЕРИКАНСКИОТ И ГЕРМАНСКИОТ РЕЦЕПТ ЗА КОРУПЦИЈА

admin

Платени демократи

admin

ЈА ДОБИВМЕ БИКТАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

admin