16.8 C
Скопје
9 октомври, 2024
Inbox7.mk
НАСЛОВНА

Дали партиските превирања ќе ја погодат Владата?

Отвореното писмото на 20 функционери на ДУИ ја откри конфронтацијата во партијата. Но освен ДУИ незадоволство на дел од членството има и во другите две најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Аналитичарите гледаат опасност за владејачкото мнозинство, а на долг рок и нова политичка реалност, анализира РСЕ, пренесува Кдполитик.

Отворено незадоволство речиси истовремено изрази дел од членството на ДУИ, а помали фракции се најавуваат и во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Внатрешно партиски превирања не се новина на политичката сцена, но колку тоа ќе донесе промени во позициите на најголемите три политички партии во земјава. Од СДСМ велат дека владината коалиција со ДУИ е стабилна, а од ВМРО-ДПМНЕ пак тврдат дека ја имаат поддршката од граѓаните.

Викендов околу дваесетина истакнати членови на ДУИ, поранешни и сегашни функционери во писмо до партискиот лидер Али Ахмети се жалат дека во последниве две години партиските органи не се активни, одлучувањето станало индивидуална сопственост и дека не се веќе добро организирана и структурирана партија. Одговорен за состојбите, според нив, е првиот вицепремиер Артан Груби.

Видете и ова: Владата бара да се штеди дома, а се расфрла во странство

Не е новина ова што се случува во ДУИ, но сега барањето за реформирање може да се одрази не само во самата партија, туку и во целата Влада, вели Сефер Селими од Демокраси лаб.

„Имаме кревко мнозинство кое што зависи од мал број на пратеници. Однесувањето на челниците на овие политички партии ќе ја детерминираат и судбината на Владата. Ако претседателите или раководството на овие политички партии се однесуваат арогантно некој од пратениците сигурно ќе им откажат лојалност и се може да се очекува“, смета Селими.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи за информациите дека била предложена негова смена од функцијата за да се стави крај на кавгите во ДУИ рече дека се работи за лажна вест и шпекулации кои не заслужуваат коментар. Според него, во ДУИ секој има право да го каже својот став, при што посочи дека, Ахмети и партијата се фактор на стабилност веќе 20 години и гарант на евроатлантскиот курс на земјата.

„ДУИ е стабилна политичка структура во која што имало бројни осцилации, внатрешни и од надвор кон внатре, и ги има надминато без никакви последици по однос на стабилноста на партијата и на државата, така да апсолутно не очекуваме никаков понатамошен развој на случувањата. Во ДУИ последниот збор е на Ахмети, кој вчера го кажа последниот збор и тука завршуваат сите дебати“, рече Османи.

Се работи за внатрепартиски битки кои што датираат од поодамна, но сега заради актуелната политичка констелација и политичките процеси кои се одвиваат во моментот извираат на површина, вели политичкиот аналитичар Џељал Незири. Според него, се помалку е важна идеологијата на партиите.

„Во иднина може да се очекуваат овие фракции да поттикнат чудни прегрупирања или коалиции кои потоа би резултирале со нова политичка реалност кај нас. Особено после наредните парламентарни избори, било да се тие редовни или предвремени. Овие групи и фракции исклучиво се водат од политичката прагма и политичките интереси за да ги реализираат нивните цели. Така што ваквите превирања внатре во политичките партии може да доведат до ослабнување на истите и појавување на нови политички сили или пак на засилување на политичките партии кои до вчера биле маргинални политички фактори“, вели Незири.

Селими додава дека сето ова што се случува е јасен показател дека внатре партиската демократија не функционира или во најмала рака од неа не се задоволни дел од членовите.

Related posts

ВИДЕО Маричиќ: Важно е да се продолжи со отворен и искрен дијалогот, нема веќе причина за неуспех на уставните измени

admin

„Брза лента“ за законските измени за коридорите 8 и 10д

ninja

Истражување на Политико: Фон дер Лајен ги привилегирала германските компании

admin

Лимани со порака до младите: Ајде заедно да ги креираме идните младински политики

admin

“ЈАЗOT“ ПОМЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ ПРОГРАМИ И ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

admin

Пак сме пред „историска седмица“

admin