6.8 C
Скопје
2 март, 2024
Inbox7.mk
НАСЛОВНА

МИЦКОСКИ ЗА KDPOLITIK: Секои четири години некој мене ме менува

Лидерот на опозиоционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека наспроти жестоките напади во неговата адреса, сепак тој делува рационално и стратешки, убеден дека по следните парламентарни избори ќе ја води државата. Овие коментари Мицкоски ги даде зборувајќи екслузивно за документарната емисија “Balkanview” која наскоро ќе се емитува на МТВ2.

Изгледа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не сака да навлегува во продлабочувањето на јазот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Вели дека тој и неговата партија ќе продолжат да ја подржат се додека се реализираат концептите за модерно Скопје.

“Јас сум го коментирал овој случај, но еве ќе додадам една реченица: и тогаш, и сега и во иднина ако видам концепт за модерно Скопје, јас ќе го поддржам. И посакувам на Данела Арсовска да биде добар градоначалник, како што ние бевме добри да таа стане градоначалник. Ние ќе продолжиме да бидеме добри за скопјапни, се додека концептите за модерно Скопје се реализираат, и во овој правец ќе ја има нашата поддршка. Затоа што тој е навистина добар концепт во кој и ние имаме свој потпис. Така што, и посакувам само успех во работата и да се држи до рамката за модерно Скопје. Сето останато е фолклор.”, изјави Мицкоски.

Запрашан за тврдењата дека најновите случувања во ВМРО-ДПМНЕ се и резултат на настојувањето навладините партии да дојдат до потребното мнозинство за уставни промени со цел да се имплементира Францускиот предлог, Мицкоски одговара дека веќе е навикнат со четиригодишните напади, закани и клевети не само врз него но и неговото семејство.

“Секои четири години некој мене ме менува, а јас и ВМРО-ДПМНЕ сме се посилни и посилни. И побројни, и поекипирани и поединети. Јас им посакувам се најдобро на тие луѓе бидејќи христијански е човек да има добра мисла, пред се. Јас мојот пат како човек и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ го имам трасирано и конечно го гледам крајот, јасно го гледам крајот кога ќе ја отвориме втората страница од моето политичко делување. А тоа е кога ќе ја водиме државата и ќе ја поведеме кон реформи и ќе ја вратиме надежта. Секој кој што цени дека има поинакво мислење е негов став, и тоа е што е. Но јас се навикнав во овие четири години да ме омаловажуваат, да ме клеветат, да ми се закануваат мене и на моето семејство, да не навредуваат.”, вели Мицкоски.

Критичен кон досегашниот учинок на владината коалиција, лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе ги искористат сите демократски средства за да дојде до нови предвремени избори:

“Власта вели дека ќе си тера до крај на мандатот, ние цениме дека добро е да има предвремени избори, здраво е. Истото го цени и мнозинството на граѓани, од кои ние го црпиме нашиот легитимитет. Ние сме народна партија, и ако народот вели дека оваа влада не чини, а тоа го велат и голем број на поддржувачи на СДСМ и ДУИ, а и перформансите на владата се катастрофални, тогаш логично е ние да ги искористиме сите демократски средства за да дојдеме до тие избори. Нормално, за да покажеме од каков материјал сме направени, дека ова сега што го зборуваме ќе го реализираме потоа. Затоа мислам дека нема простор за дополнителни разочарувања во Македонија.”, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски најавува дека по прашањето на најавената нова иницијатива за реферрендум, од стратаната на Левица, ВМРО-ДПМНЕ ке го обелодени ставот по јенијзиното влегување во парламентарна процедура.

Овие коментари лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги даде за МТВ2, зборувајќи за документарните емисиии “Balkanview”. Порограмата, која која наскоро ќе се емитува, е заеднички проект на МТВ и невландината организација Балкански институт за регионална соработка.

Целото интервју за актуелните теми со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се објави утре во kdpolitik.com.

 

 

Related posts

СТОЛТЕНБЕРГ: Ова е најопасниот момент во европската безбедност за една генерација

admin

Ужасен топлотен период во Аризона, 55 дена температурите не се спуштија под 45 степени целзиусови

admin

Дојче веле: М-НАВ – “семејно гнездо” на властодршци

admin

Постапката за измени на Уставот почнува, Џафери ги кажува можните сценарија

admin

Маратонска седница за разрешување на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу

admin

Зошто Путин го запре целиот извоз на бензин и дизел надвор од Русија?

admin