2.8 C
Скопје
23 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

УПОТРЕБАТА НА НОВАТА ТЕКНОЛОГИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

Детекција на пожар во почетна фаза и гасење на огнот пред да се прошири. На Симпозиумот за храна и земјоделство, Италијанската фондација ЦМЦЦ промовираше паметен дрон кој со помош на вештачка интелигенција работи во превенција на пожари.

Дронот се движи по еднаш обележана рута, собира податоци и прави анализа за да може да предвиди каде има најголема опасност за избувнување на пожар. Во првиот момент кога ќе се појави опасност, следејќи ги сите временски параметри, дронот сам лета на истата рута и со себе носи т.н. бомби полни со течност, ги исфрла на местото со потенцијална опасност и спречува оган.

Според ЦМЦЦ, дронови биле поставени во областа Пулиа, Италија и последната сезона не бил забележан пожар токму поради овој апарат.

Од Италијанската фондација објаснуваат дека климатските промени се особено голем „потпалувач“ кој се случува набрзина и остава трајни последици, и затоа овој дрон може да биде сериозно решение за бројни пожари и да спречи милионски штети.

Related posts

Бугарија и Хрватска со најголемо зголемување на вработеноста во ЕУ

admin

Антикорупциска се прогласи за ненадлежна: Прекината постапката за шефот на АНБ, Христовски

admin

Иран му се заканува на Израел поради претстојната копнена офанзива во Газа

admin

Некогашната специјална обвинителка сега библиотекарка во “Идризово”

admin

ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН: ПРИБЛИЖУВАЊЕ ВО ТИРАНА

ninja

Груевски: И Заев и Мицкоски се плашат од моето враќање

admin