19.8 C
Скопје
10 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Фон ден Лајен ја почнува балканската турнеја утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен утре од Скопје ќе ја започне турнејата во земјите од Западниот Балкан. Целта на посетите, како што соопштија во Брисел, е таа да ја потврди посветеноста на Европската унија (ЕУ) на европските интеграции на регионот, но ќе стане збор и за војната во Украина и за енергетската криза.

Македонската влада соопшти дека Фон дер Лајен ќе пристигне во Скопје утре во 18 часот.

По престојот во Скопје, таа на 27 октомври ќе замине во Приштина, а потоа во Тирана. В петок, на 28 октомври ќе ги посети Сараево и Белград, а посетата на регионот ќе ја заврши в сабота на 29 октомври во Подгорица.

Портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер, најавувајќи ја турнејата на Западниот Балкан, рече дека Фон дер Лајен доаѓа со цел да ја „нагласи солидарноста со регионот“, како и да се потврди „европската перспектива“.

Тој рече дека претседателката на ЕК веќе соопштила дека Западниот Балкан ќе биде вклучен во механизмот на ЕУ за групно купување на гас. Портпаролот на ЕУ исто така посочи дека таа исто така ќе ја нагласи „решеноста на ЕУ да ја продолжи соработката со Западниот Балкан за сите стратешки прашања и клучни работи“, особено кога станува збор за руската агресија врз Украина.

Related posts

Расклатена една ногарка во Европскиот фронт

admin

ЕУ им нуди на општините бесплатен интернет за граѓаните

admin

Долгогодишниот советник на Меркел се соочува со критики поради коментарите за Израел и Хамас

admin

Треба ли да се замрзнат цените на храната?

admin

ЕП: ОД 2035 НЕМА ВЕЌЕ АВТОМОБИЛИ НА ДИЗЕЛ И БЕНЗИН

ninja

Северна Македонија ќе евакуира свои државјани од Израел со владини авиони

admin