14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Антииалбански скандирања во Куманово: Реагираат партиите на Албанците

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во неделата побара оставки од двајца албански заменици-министри, обвинувајќи ги за институционален молк поради недостиг на реакција на антииалбански скандирања за време на кошаркарски натпревар во Куманово.

ДУИ побара итна оставка од заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, и заменичката министерка за спорт, Сафие Садики Шаини, наведувајќи дека нивниот пропуст да реагираат претставува потфрлување во заштитата на јавниот интерес и соживотот.

„Молкот и отсуството на институционален одговор не смеат да останат без политичка одговорност,“ се вели во соопштението на партијата.

Партијата исто така ги повика сите албански претставници во Владата кои се на извршни позиции, јавно да се дистанцираат од инцидентот и да побараат санкции за одговорните на наредната владина седница. Во спротивно, велат од ДУИ, тие треба веднаш да се повлечат од, како што ја нарекоа, „влада што поттикнува поделби и омраза“.

Инцидентот предизвика реакции и од други политички лидери од албанскиот блок.

Екс министерот за надворешни работи во заминување и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи, рече дека скандирањата за „смрт на Албанците“, „гасни комори“ и „чиста Македонија“ се случиле во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и владина делегација. Тој оцени дека отсуството на реакција испраќа загрижувачка порака за „нормализација на омразата“.

„Владата ја пропушти можноста да покаже дека е на страната на сите граѓани,“ изјави Османи, потсетувајќи и на претходни случаи на антииалбанска реторика од коалициски партнери, како што е пратеникот Богевски, кој, според него, бил награден и заштитен и покрај навредите кон Албанците.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, рече дека навредливи извици кон Албанците се извикувале во присуство на високи државни функционери, вклучително и премиерот. „Мицкоски молчеше, како да го прифаќаше тоа како одговор на сопствената реторика од претходните денови,“ изјави Таравари.

Еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, исто така го осуди инцидентот, велејќи дека таквите извици немаат место во едно демократско општество.

„Спортот треба да обединува, не да разделува,“ рече Меџити. „Северна Македонија е заедничка држава на сите граѓани и не смее да толерира говор на омраза.“

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, изјави дека спортот не смее да се користи како сцена за ширење омраза и ја осуди употребата на расистички и антииалбански слогани за време на натпреварот, нарекувајќи ги „удар врз самата идеја на граѓанско општество“.

 

 

Related posts

Македонската влада со нова мерка за практикантство за млади невработени лица

admin

Чистка во врвот на кинеската војска: Дали Си подготвува армија за Тајван или се бори за политички опстанок?

admin

Нова фракција во АА, Фетаи кај Курти: Продолжуваме со идеалот

admin

Автомобилите на министрите на Мицкоски вредат скоро милион евра

admin

Кинески суперкомпјутер го симна американскиот од врвот на светската листа

admin

Кемал Киличдароглу – човекот кој сака да го собори Ердоган

admin