24.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Села ја трансформира Алијанса за Албанците во Лига на Албанците, усвоена резолуција за бинационална држава

Зијадин Села беше избран за претседател на новоформираната Лига на Албанците на конгресот што се одржа во Тетово, со што партијата и формално го промени името од Алијанса за Албанците.

Според организаторите, на конгресот учествувале 713 делегати, кои едногласно му ја дадоа довербата на Села за нов мандат на чело на партијата.

Конгресот усвои и резолуција за бинационална држава, додека Села порача дека партијата ќе продолжи да ги застапува интересите на Албанците и да реагира на, како што рече, секој обид за ограничување на нивните права.

„Денес не завршува ништо, денес почнува сѐ“, изјави Села пред делегатите, најавувајќи формирање нови локални структури и засилување на организациското присуство на терен.

Тој рече дека Лигата на Албанците нема да остане пасивна пред предизвиците што ги засегаат Албанците во земјата и најави поактивен политички ангажман во периодот што следува.

Пратеничката Илире Даути изјави дека партијата од сега ќе дејствува под името Лига на Албанците и додаде дека новиот политички проект ќе продолжи под мотото „Лигата е жива“.

На конгресот присуствуваа претставници на коалицијата ВЛЕН, ДУИ, СДСМ и на Партијата на Бошњаците.

Промената на името следува по повеќемесечниот спор околу раководството на Алијанса за Албанците меѓу крилата на Села и Арбен Таравари. Во март годинава Села соопшти дека формирал резервна политичка партија под името Лига на Албанците, додека судските постапки околу контролата врз Алијанса за Албанците продолжуваат.

Крилото на Села беше дел од коалицијата Европски фронт пред парламентарните избори во 2024 година, но подоцна ја напушти коалицијата и во Собранието настапува како независна пратеничка група.

Related posts

Извештај на БИРС: Иднината без глас – младите надвор од одлучувањето за патот кон ЕУ

admin

5 работи што треба да ги знаете за резултатите од изборите во ЕУ

admin

РОДНИНИТЕ ЧЕКААТ ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ЗА НЕСРЕЌАТА КАЈ СТРУМА

ninja

Аплауз за Заев, обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ – кој навистина ја контролира СДСМ?

admin

Македонија доби пофалби во НАТО, но испрати порака до ЕУ

admin

Кој е Виктор Орбан, унгарскиот премиер што се бори да остане на власт по 16 години?

admin