24.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Скопје ќе добие 80 милиони евра грант од ЕУ за енергетската криза – Фронтекс потпишан на македонски јазик

Европски грант од 80 милиони евра за Северна Македонија и 500 милиони евра за регионот најави претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен во Скопје на првата станица од нејзината балканска турнеја. Договорот меѓу ЕУ и Северна Македонија потпишан на македонски јазик.

Итна буџетска помош од 80 милиони евра во јануари ќе бидат достапни за македонската влада во справувањето со енергетската криза, најави денеска претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајаен на прес конференцијата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Таа посочи дека за земјите од Западен Балкан ќе бидат дополнително обезбедени 500 милиони евра преку Европскиот инвестициски план за инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност со цел намалување на зависноста од руските енергенси.

„ Мојата порака до граѓаните на Северна Македонија е многу јасна. ЕУ е покрај вас во ова сме заедно, и ќе минеме низ ова заедно, и ќе го надминеме ова заедно, и ќе се придвижиме кон подобра иднина. Обезбедивме пакет за енергетска поддршка за целиот западен Балкан. 80 милиони евра како итна буџетска поддршка за Северна Македонија кои треба да и помогнат да се соочи со влијанието што зголемените цени на енергијата го имаат врз граѓаните и бизнисите и ова ќе го завршиме до крајот на годината за да ги добиете средствата веќе во јануари,“ изјави Фон дер Лајен.

Таа додаде дека енергијата произведена дома која ќе создава добри работни места ќе не направи независни од руските фосилни горива. Лајен вели дека руската војна против Украина задава дополнителни удари врз целиот свет, затоа што Русија продолжува да ја користи енергијата како оружје и манипулира со енергетските пазари. Таа ја повика Македонија биде дел од европската солидарност.

„ Со ова ќе ви овозможиме да учествувате во нашата европска заедничка набавка на гас и течен природен гас. Решивме дека сакаме да купуваме гас на глобалниот пазар заедно, затоа што тоа ќе ја зголеми нашата куповна моќ. Ве покануваме вас, Северна Македонија да ни се приклучите, да одиме на пазар заедно. Секако сите одлуки што беа донесени во изминативе неколку дена, предлозите кои ги донесовме за да ги намалиме цените на гас во ЕУ но уште поважно цените на електричната енергија, и вие ќе имате корист од сето тоа, затоа што и вие сте дел од оваа енергетска унија. Затоа што се правиме задно, како што редов единство и солидарност“ изјав таа.

Премиерот Ковачевски изјави првата транша од европскиот грант ќе биде достапна за македонската влада до крајот на јануари.

„ Тоа значи дека тие финансиски средства ќе ни бидат достапни во најтешките месеци, јануари, февруари , март и ќе можат да бидат искористени за справување со енергетската криза, односно за намени кои буџетот ќе ги предвиди за 2023 година кој што наскоро ќе биде одобрен од влада и ќе влезе во Собранието. Тоа нема да биде единствената помош, не само во грантови, туку и во регионална помош за финансирање на капитални проекти за поврзување со гас и за обезбедување на нови извори на електрична енергија, а тука се мисли на големи проекти кои се планирани во регионот како гасни централи и други енергетски постројки за стабилизирање на производство на електрична енергија во целиот регион на Западен Балкан“ изјави Ковачевски.

Лајен – Северна Македонија се движи кон европскиот пат

Во однос на македонските евроинтеграции Претседателката на Европската комисија изјави дека земјава е на добар пат кон ЕУ и дека тоа го покажува и последниот извештај за напредокот на земјава. Во однос на потребата од уставни измени Фон дер Лајен изјави дека верува оти македонските политичари ќе сфатат дека ќе мора да дадат свој придонес за земјата да продолжи да се движи напред, коментирајќи го противењето на опозицијата да поддржи уставни измени.

„На билатералната средба зборувавме за оваа важна тема за уставните измени. Сигурна сум дека луѓето од Северна Македонија ќе постигнат мнозинство и ќе гласаат позитивно за уставните измени. Постигнавте многу, бевте успешни во напредувањето и сигурна сум дека ќе најдете убедливи аргументи за сите да сфатат дека сите се одгворини за придонес кон тоа земјата да се движи напред. Ги повикувам сите политичари да го остварат сонот на младите луѓе кои сакаат да се дел од ЕУ,“ одговори таа на новинарското прашање

Ковачевски – Историски ден за македонскиот народ, потпишан првиот договор на македонски јазик

Во Владата попладнето (26.10.2022) беше потпишан Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс. Договорот е потпишан на македонски јазик.

„Ова е прв официјален договор потпишан со ЕУ по започнувањето на преговорите. Договорот е потпишан на македонски јазик, нема додавки, без ѕвездички. Со овој договор, заеднички со Фронтекс ќе се справуваме со нелегалната миграција и ќе се соочиме со предизвиците, но од наша териотрија“, рече Ковачевски.

Од име на ЕУ го потпишаа амбасадорот на Чешка Јарослав Лудва како претставник на чешкото претседателство со Советот на ЕУ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон која е дел од делегацијата на Фон дер Лајен, а од македонска страна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На потпишувањето присуствуваа претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и премиерот Димитар Ковачевски.

Досега овој договор беше блокиран од страна на Бугарија поради употребата на зборовите на македонски јазик. Откако ќе стапи на сила Фронтекс ќе може да биде повеќе инволвиран во управувањето со границите во Северна Македонија во однос на миграциските текови и борбата против “илегалната миграција“.
ЕУ смета дека зајакнувањето на контролите на македонските граници ќе помогне да се подобри безбедноста на границите на ЕУ.

Втора посета на Македонија за три месеци

Претседателката на Европската комисија последен пат беше во посета на Македонија на 14 јули, кога и одржа говор пред пратениците во македонското собрание.

Таа ги повика пратениците да го прифатат таканаречниот Француски предлог со кој се повлече бугарското вето за македонските евроинтеграции.
Откако предлогот беше прифатен, на 19 јули Македонија и ЕУ ја одржаа првата заедничка меѓувладина конференција со што официјално беше отворен почетокот на преговорите за членство.

Related posts

Претставник на Стејт департментот поднесе оставка политиката на Бајден за војната меѓу Израел и Газа

admin

Албанската опозиција со жена кандидат за претседател

admin

Хан со повик: Зграпчете го моментот за во ЕУ

admin

СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО ОХРИД – УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ ЗА ДОГОВОР ВУЧИЌ – КУРТИ

ninja

Мицкоски: Кога ќе дојдеме на власт подготвени сме да репреговараме за Договорот со Бугарија, ако тоа не успее, ќе побараме 61 пратеник за негово поништување

ninja

Има ли случаи на сексуални малтретирања во Армијата на Северна Македонија?

admin