16.8 C
Скопје
26 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Радев ги почна консултациите за мандатар за нова влада во Бугарија

Бугрскиот претседател Румен Радев денеска ги започна политичките консултации за формирање нова бугарска влада. Првиот состанок Радев го оствари со партијата ГЕРБ.

Тие изразија меѓусебна пофалба за сработеното во областа на енергетиката, но нивните ставови се разидуваат на прашањето за воена помош за Украина.

Заменик-претседателот на ГЕРБ, Даниел Митов и претседателот на Бугарија, Румен Радев, влегоа во размена на реплики на темата за воена помош од Бугарија за Украина, против која претседателот неколку пати во јавноста се изјасни негативно.

Поранешниот министер за надворешни работи Митов коментира дека проценката за можностите за воена помош за Украина доцнела со месеци, а новата бугарска влада мора да го „испере овој срам“.

Митов директно го обвини Румен Радев дека поради двосмислените коментари од претседателството во врска со војната ја прави Бугарија да изгледа како слаб сојузник во НАТО, велејќи дека тоа ги загрижува партнерите на Алијансата, бидејќи таквите изјави не дозволуваат Бугарија да се оценува како сериозна и стабилна членка на НАТО.

Претседателот Радев одговори со обвинување кон ГЕРБ дека за време на нивната администрација немало инвестиции во вооружените сили на Бугарија. Тој се изјасни против барањето на ГЕРБ за замена на старото бугарско оружје со помодерно обезбедено од САД и другите сојузници преку различни шеми.

Да не навлегуваме во концептот „сливи за ѓубре“ – оваа бајка не е реална. Го давам старото вооружување и добивам како награда и нов подарок никаде нема,“ изјави Радев.

Резултатите од последните избори на почетокот на месецов во Бугарија покажаа дека ГЕРБ освоила 25,4 отсто од гласовите, додека центристичката партија „Продолжуваме со промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков е втора, со 20,2 насто.

Related posts

Според чија волја се управува Северна Македонија?

admin

ДУИ вели дека “огнените” се самоисклучиле од партијата

admin

ДУИ мета на критиките за корупција, почна ли предизборната кампања?

admin

Уставните измени ќе ја кројат владината коалиција

admin

Интервју со Такер Карлсон: Проверка на факти за „чудните “ стории на Путин

admin

СЕ ПОВЕЌЕ ДЕЦА ОНЛАЈН СТАНУВААТ ЖРТВИ НА СЕКСУАЛНИ ЗЛОУПОТРЕБИ

ninja