23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла тврдењата на СДСМ за фаворизирање и прекумерни трошоци во Министерството за култура

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ за наводно фаворизирање на „возачот на министерот“ како кабинетски службеник и за прекумерни трошоци за службени патувања, нарекувајќи ги „злонамерни и лажни“.

Партијата соопшти дека лицето кое управува со службеното возило на министерот за култура и туризам не е дел од кабинетот, туку е доделено од Службата за општи и заеднички работи. Во однос на именувањето на новиот претседател на Управниот одбор на Македонската опера и балет, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека станува збор за професионалец вработен во институцијата веќе 15 години.

„Обвинувањата се конструкција со цел прикривање на седум години, како што ги нарекуваме, катастрофално владеење на СДСМ, особено во односот кон македонската култура,“ се вели во соопштението.

Министерството за култура, според партијата, потрошило 3.485.080 денари за патувањето во Јапонија, наменети исклучиво за трошоците на уметниците од Националниот ансамбл „Танец“. Средствата не биле искористени, како што велат, за бројна делегација, туку за билети, сместување и дневници.

„Сите службени патувања се реализирани со културна и дипломатска агенда. Секој трошок е транспарентно објавен и достапен за јавноста,“ стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека настапот на „Танец“, Ана и Игор Дурловски, Кирил Џајковски и Владимир Василевски – Четкар во рамки на Експо Осака, е дел од официјалната програма за меѓународна културна презентација и се темели на критериумот на квалитет.

Партијата ја отфрла како „неоснована и манипулативна“ критиката од СДСМ за изборот на програма и уметници, наведувајќи дека за разлика од претходните владини настапи, сегашниот настап го рефлектира „вистинскиот потенцијал на македонската култура“.

Related posts

Урсула фон дер Лајен: Довербата во ЕУ достигна највисоко ниво

admin

Наталитетот паѓа, разводите во “тренд”

admin

Владините бифеа без фискални каси: За граѓаните даноци, за функционерите – привилегии

admin

Србија и Република Српска закажуваат нов парламентарен форум во Бања Лука

admin

Пронајдена дрога во Ѓорче Петров, приведен дилер

admin

„Сè е јасно“: СДСМ со тешки обвинувања кон Мицкоски за случајот Груевски

admin