12.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Ќе има решителни чекори и одлуки, можеби и такви на кои јавноста не е навикната

Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, повика на национално обединување во борбата против корупцијата, истакнувајќи дека последната трагедија што ја потресе Македонија е резултат на длабоко вкоренети системски пропусти и злоупотреби. Во емоционалното обраќање, тој испрати порака за решителни реформи и одговорност.

„Ова не е меѓупартиска битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или било која друга партија. Ова е битка на чесните против корумпираните во сите партии и институции,“ изјави Мицкоски, нагласувајќи дека борбата против корупцијата треба да биде приоритет над политичките разлики.

Повик за одговорност и реформи

Мицкоски најави дека ќе бара темелна истрага за сите околности што доведоа до трагедијата, со ветување дека ќе се преземат конкретни мерки без оглед на политичката припадност на одговорните.

„Ќе се испитаат сите аспекти на контролата и ќе се детектираат проблемите што го оптоваруваат општеството,“ рече тој. „Ќе има решителни чекори и одлуки, можеби и такви на кои јавноста не е навикната. Но, промените почнуваат од нас самите.“

Според него, борбата против корупцијата не е само политичко прашање, туку морална обврска кон идните генерации. „Ова е борба против чудовиште кое ја проголтува иднината на земјата и зема со себе жртви. Ни ги зема најмилите. И победата врз неа е наша обврска.“

Благодарност за солидарноста

Во своето обраќање, Мицкоски изрази благодарност до медицинскиот персонал и сите што се вклучија во спасувачките напори, како и до соседните држави за нивната поддршка.

„Сакам да искажам голема благодарност до докторите и целиот медицински персонал во земјава, кој несебично се вклучи во укажување на помош на настраданите,“ рече тој.

Емоционална порака до граѓаните

Видно потресен, лидерот на опозицијата ја сподели својата тага со семејствата на настраданите, истакнувајќи дека болката ја чувствува секој граѓанин на Македонија.

„Денес сум скршен. Нема човек во Македонија кој не е скршен и со уништен дух после ова. Немам зборови што да кажам за да ја ублажам тагата и болката кај семејствата и кај сите граѓани, затоа што тоа е и моја болка,“ изјави Мицкоски.

Тој повика за единство и надеж: „Бог да биде на помош на семејствата на починатите и повредените, и на сите граѓани на Македонија. Да ни дава на сите утеха и смирение во деновите пред нас. И да ја чува Македонија! Македонија мора да е посилна од корумпираниот систем.“

Во пожар што ја зафати дискотеката “Пулс” во Кочани во неделата наутро, животот го загубија најмалку 60 млади, додека над 150 се повредени. Лошите стандарди во самиот објекти се оценуваат дека се причина за една ваква трагедија, додека коруптивните врски на сопствениците со власта резултирале објектот да добие лиценца за работа.

 

 

Related posts

Северна Македонија со најслаб економски раст во Западен Балкан

admin

Германија ниту во војна, ниту во мир со Русија

admin

ГЕОРГИЕВ: НЕМАМЕ ПЛАН КАКО ДА ГО РАЗВИВАМЕ ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ

admin

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи загинаа во хеликоптерска несреќа

admin

Каде е добрата волја во формулата за добрососедски односи?

admin

(Не)испорачана правда: Кој е виновен за пожарот во Тетово?

admin