18.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
НАСЛОВНА

Кои министерства и општини трошат струја прекумерно?

Министерството за локална самоуправа не само што не заштедило, туку ја зголемило потрошувачката на струја. Малку заштедиле и Министерствата за здравство, надворешни работи и одбрана и треба да дадат отчет пред Владата.

Мерките за штедење коишто почнаа да се применуваат во државните институции во Северна Македонија од 1 септември вродиле со заштеда на електрична енергија од 20 проценти. Дел од министерствата и институциите се придржувале кон мерките, но некои од нив не само што не го стегнале ременот, туку и ја зголемиле потрошувачката на струја, како на пример Министерството за локална самоуправа. Мала заштеда е забележана и кај Министерствата за здравство, надворешни работи и одбрана. Ова го покажува анализата на Министерството за економија, којашто ја презентираше денеска министерот Крешик Бектеши на прес-конференција во Владата. Институциите коишто заштедиле малку струја ќе треба да и дадат отчет на Владата за направените трошоци.

Кој се луксузирал?

Министерството за економија до Владата пред неколку месеци достави стави сет на препораки и задолженијаза намалување на потрошувачката на енергија од септември до март идната година со цел да има побезбедна зима. Државните институции беа задолжени да направат заштеда на струја од 15 проценти во споредба со потрошувачката направена во септември минатата година.

финансии заштеда
Мала заштеда е забележана кај Министарствата за здравство, надворешни работи и одбрана.Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Klose

Бектеши вели дека во септември во потрошувачката на електрична енергија кај Владата, министерствата, судовите, во кабинетот на претседателот направена е вкупна заштеда од 20 отсто. Шест субјекти имаат намалена потрошувачка, но немаат направено заштеди од минимум 15 отсто. Само административната зграда на локална самоуправа има зголемена потрошувачка на енергија.

„Согласно податоците, направена е заштеда во Владата од 25%, кај МВР- 21%, во Министерството за култура 40%, во Министерството за образование – 35%, во Политички систем – 22%, во Транспорт и врски- 30%, во Труд и социјална политика – 36%, во Министерството за финансии – 32 отсто, како и во Економија – 30 проценти“, информираше ресорниот министер.

Најмала заштеда

Најмала заштеда има во административната зграда на Министерството за здравство – 2 отсто, во МНР – 8 проценти и во Министерството за одбрана – 8 % заштеда. Собранието заштедило 29%, а Кабинет на претседателот – 17%.

Анализата на потрошувачката покажува дека 17 државни компании заштедиле 8 отсто струја. Две државни претпријатија имаат поголема потрошувачка, едното за 10 отсто, а другото – ЈП „Водостопанство“ има над 20% поголема потрошувачка.

Влада Северна Македонија
Министерството за економија до Владата пред неколку месеци достави стави сет на препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на енергија од септемвриФотографија: Petr Stojanovski/DW

Според Бектеши, вкупно 11 институции немаат потпишано договори за снабдување со електрична енергија и се снабдуваат со краен снабдувач по многу повисока цена. Станува збор за основни и средните училишта, одредени министерства и здравствени установи.

Кај општините, кои исто така имаат препорака да штедат, 25 не постигнале заштеда на електрична енергија од 15  отсто, додека останатите имаат остварено заштеда од 15 отсто. Од општините кои не заштетиле најмногу отстапуваат Арачиново, Гостивар и Свети Николе.

„Грејната сезона започна и сите треба да се фокусираме на штедење. Една мала промена на секојдневните навики може да направи голема разлика во справување со енергетската криза“, апелираше министерот.

Related posts

Сиљановска: Нема да ја користам придавката “Северна”

admin

Републиканците во Сенатот го блокираа нацрт-законот за помош на Украина и Израел

admin

Стејт департмент: Северна Македонија да го одржи духот на Преспанскиот договор

admin

Студија: Учениците во С.Македонија малку читаат, но и возрасните не се за фалење

admin

Димитриевски против протоколот на Курти: За каков соживот се боревме?

admin

Дали „Европа со повеќе брзини“ ќе забави на Западен Балкан?

admin