20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Алиу на годишнината од Кочани: 400 медицинари го дадоа максимумот

Државата усвои национален план за справување со масовни жртви точно една година по трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани, при што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, соопшти Министерството за здравство.

Министерот Азир Алиу денеска зборуваше пред меѓународна конференција во Скопје, посветена на лекциите од кочанскиот пожар. Тој рече дека медицинскиот систем издржал, но дека формалниот план за идни кризи бил усвоен дури година подоцна.

„Во деновите по трагедијата, над 400 здравствени работници од јавни и приватни установи работеа без пауза. Главниот кризен штаб, во координација со МНР и МВР, организираше транспорт на 115 тешко повредени пациенти до болници низ Европа. Секоја одлука мораше да биде брза и прецизна, бидејќи одлучуваше за живот“, рече Алиу.

Министерот истакна дека психолошката и психо-социјалната поддршка била дел од здравствениот одговор, признавајќи историска запоставеност на менталното здравје во кризни ситуации.

На денот на годишнината, Владата го усвои националниот план за масовни жртви, прв таков во историјата на државата. „Нашата најголема обврска кон жртвите и повредените е да изградиме систем што ќе штити, ќе реагира навреме и ќе обезбедува највисоко ниво на грижа за секој граѓанин“, заклучи Алиу.

 

Related posts

Микоски: Владата ќе обезбеди плати за вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците

admin

СО ПОВИСОКИ КАМАТИ СЕ ВРАЌААТ СТАРИТЕ ДОЛГОВИ

ninja

Секое трето дете со проблем со тежината: Алиу отвори Центар за третман на дебелина

admin

Историски чекор или политичка стапица? Што стои зад резолуцијата со Бугарија!

admin

Македонскиот пат кон независност и интеграција: Малески вели дека надворешната политика бара трчање, а не следење на процеси

admin

Меџити: Законот за правична застапеност е историски чекор; експертите велат – доцни две децении

admin