12.8 C
Скопје
20 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Ќе паѓаат цените на основните производи

Проценките се дека за еден месец ќе се стабилизира пазарот, па потоа ќе се спушти цената на основните производи. Ова се дел од мерките за ублажување на кризата. ТЕ-ТО ќе произведува топлинска енергија од ноември
Намалени цени на основните производи и решавање на проблемот со топлинската енергија со помош на когенеративната термоелектрана ТЕ-ТО, кој ќе започне со работа на 1 ноември, се само дел од мерките коишто ги најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, со цел ублажување на ефектите од кризата во пресрет на зимата.

По средбата со претставници на прехранбената индустрија, тие најавија дека цената на основните прехранбени производи како лебот, пецивата, брашното, маслото за јадење и млекото во наредниот период и можеле да поевтинат за 10 проценти, со што ќе се сопре вртоглавиот скок на цените изминативе неколку месеци.

Бектеши најави дека Владата ги подготвила мерките, со кои компаниите на основните прехранбени производи ќе може да набавуваат струја по поволна цена од 100 евра по мегават час, што е двојно или тројно пониска од сега. Пониската цена на струјата ќе овозможи да производите да се продаваат за цена која што е прифатлива за граѓаните.

„Во формулација на финална цена на одреден производ има многу импути, а еден од нив е електричната енергија. Во делот на тој импут, тоа што моментално го имаат е двојно пониска и согласно таа формулација најверојатно ќе бидат намалени цените на финалните производи. Мислам дека струјата нема да биде поскапа“, вели Бектеши.

Проценките се дека за еден месец треба да се стабилизира пазарот, па потоа за 10 проценти би можела да се спушти цената на основните производи.

Заштита од злоупотреби

Според него, Владата има механизми во случај на злоупотреба на цените да се донесат одредени одлуки согласно мерките за замрзнување на одредени цени на основни прехранбени производи. „Ова е само почеток на донесување на вакви мерки, ќе следуваат и уште многу мерки, со цел да ја ублажиме кризата и за заштита на стандардот на потрошувачите’, додаде тој.

Претседателката на ЕК  Урсула фон дер Лајен која вчера беше во посета на Скопје, соопшти дека од пакетот помош на ЕУ за регионот, 80 милиони евра се наменети за Северна Македонија. Земјата ќе ги искористи средствата најверојатно како директна поддршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите претпријатија.

„Вчера се доставени нашите предлози до ЕК, до утре секако дека ќе имаме одговор, а нејверојатно средствата ќе бидат директна поддршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите компании до крајот на  прогласената кризна состојба до крај на април“, рече Бектеши.

Топлинска енергија ќе има

Министерот е дециден и дека ќе се обезбеди топлинска енергија со работата на ТЕ-ТО. Засега АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.

Во текот на вчерашниот ден произведени се 11.569 мегават часови електрична енергија при што во термоелектраните се произведени 8.449, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.120 мегават часови. Производството на електрична енергија во АД ЕСМ за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено во двата блока на РЕК Битола и во Подружницата Енергетика. Во РЕК Битола производството е интензивирано заради испадот на РЕК Осломеј каде се санира пукната цевка во котелот, што е најчест дефект во термоелектраните. РЕК Осломеј треба да биде повторно на мрежа од сабота, 29 октомври.

Related posts

ДОВЕРБА ВО БАНКИТЕ ИЛИ ПАРИ ПОД ПЕРНИЦА – ДРЖАВАТА ГАРАНТИРА ДО 30.000 ЕВРА

ninja

Едни „работеле“, други замижувале

admin

СОВЕТОТ НА ЕВРОПА УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА МАЛЦИНСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА

ninja

Брисел притиска Белград и Приштина да ги спроведат договорите

admin

Западот нема да дозволи уништување на ОБСЕ

admin

САД санкционираа над 50 олигарси и соработници на Путин, меѓу кои и портпаролот Песков

ninja