25.6 C
Скопје
9 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Чии се 35-те години независност? Видеото на Мицкоски отвори нова војна меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија отвори нова политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, откако опозицијата оцени дека промотивното видео објавено од премиерот Христијан Мицкоски всушност ги прикажува достигнувањата на владите предводени од СДСМ.

Мицкоски, кој престојува во Брисел, го сподели видеото посветено на 35 години од независноста на земјата.

СДСМ реагираше дека во него се појавува првиот претседател Киро Глигоров и се прикажуваат, како што велат од партијата, најголемите државни успеси во периодот по осамостојувањето.

„И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ“, соопшти партијата.

Според СДСМ, во видеото недостигаат членството на земјата во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија, процеси што партијата ги поврзува со владите што таа ги предводеше.

Опозицијата тврди дека „ниту еден вистински државен успех“ во изминатите три и пол децении не носи потпис на ВМРО-ДПМНЕ и оцени дека токму затоа во промотивниот материјал нема место за поранешниот премиер Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ возврати дека видеото е замислено како порака за обединување, а не како партиска ретроспектива, обвинувајќи го СДСМ дека ја политизира годишнината од независноста.

Владејачката партија праша зошто за СДСМ е спорно појавувањето на Глигоров, наведувајќи дека првиот претседател на независна Македонија бил избран со поширока политичка поддршка.

ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на забелешката дека во видеото го нема членството во НАТО, поврзувајќи го тој процес со Преспанскиот договор и промената на уставното име.

„Ова е спот за дел од позитивните страни во овие 35 години“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека СДСМ се обидува партиски да присвои историски процеси и достигнувања.

Полемиката доаѓа еден месец пред 8 Септември, кога се одбележуваат 35 години од референдумот во 1991 година, на кој граѓаните се изјаснија за независна и суверена држава.

Related posts

Иван Стоиљковиќ е најзадолжен министер во Владата на Мицкоски

admin

Ангеловски: Одреден квантум на вработени од јавниот сектор да се преусмерат во приватниот сектор

admin

ТРНЛИВ ПАТ ДО АВТОПАТ

ninja

Мицкоски побара „лекарско уверение“ за раководството на СДСМ, опозицијата возврати со остри критики

admin

Зголемени тензии меѓу албанските партии поради најновите владини случувања

admin

Спречен терористички заговор? Уапсени две лица во Косово поради ширење екстремистичка пропаганда на интернет

admin