25.6 C
Скопје
9 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Јотова го зголемува притисокот врз Скопје: Од април чекаме одговор за Ива Михајлова

Бугарската претседателка Илијана Јотова изјави дека бугарските власти од април чекаат одговор од Северна Македонија на барањето бугарски лекари да можат да ја лекуваат Ива Михајлова од Кочани, која е повредена во сообраќајна несреќа и против која се води судска постапка.

Јотова рече дека за случајот разговарала со претседателката и со министерот за надворешни работи на Северна Македонија.

„Тогаш ми изложија многу аргументи поради кои не можат да обезбедат присуство на Ива во Бугарија за лекување, повикувајќи се на независниот судски систем, кој нема да издаде дозвола“, рече Јотова, според бугарските медиуми.

Таа најави дека в понеделник повторно ќе го упати барањето до македонската влада.

„Нема аргумент со кој може да се оправда такво однесување – една млада девојка да остане инвалид само затоа што робуваме на идеологеми од страна на нашите партнери од Северна Македонија“, рече Јотова.

Случајот во последните денови предизвика реакции и од бугарското Министерство за надворешни работи, кое побара Михајлова да добие навремена и соодветна медицинска грижа и предупреди на ризик од трајни последици по нејзиното здравје.

Михајлова, која има и бугарско државјанство, е обвинета во врска со сообраќајна несреќа што се случила во октомври минатата година на патот Кочани–Штип, во која едно лице починало, а повеќе лица биле повредени, меѓу нив и таа.

Според претходно објавените информации, нејзините патни исправи биле одземени по несреќата, а семејството во повеќе наврати барало да ѝ биде овозможено лекување во Бугарија.

Основниот суд во Кочани претходно одбил барање Михајлова да замине на лекување во Бугарија. Бугарските власти тврдат дека нејзината здравствена состојба бара третман кој не може да биде обезбеден во Северна Македонија.

Случајот добива и дипломатска димензија во период на чувствителни односи меѓу Скопје и Софија, при што бугарската страна го поставува прашањето и во контекст на човековите права и владеењето на правото.

Related posts

Филипче: ЗНАМ веќе не постои

admin

Брегу: Не ни се потребни дополнителни институции и иницијативи, за регионална соработка е потребна политичка волја

admin

Шмит: Европа нема стратегија за Балканот, Босна останува ранлива

admin

Ибраими: ВЛЕН нема да соработува со алатки на криминалната олигархија

admin

Германија ја менува економската доктрина: Рекорден долг за најголемото вооружување по Студената војна

admin

ИСЛАМ АБАЗИ ЌЕ ЈА НАСЛЕДИ ВИЛМА РУСКОВСКА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

ninja