9.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Парно ќе има – ако нема гас, топланите ќе работат на дизел

Во тек е постапка за прибирање понуди за обезбедување на гас за наредните 6 месеци, но ако не се обезбеди се прават подготовки за работа на топланите на алтернативно гориво.

Ако нема доволно гас, топланите ќе работат на дизел гориво, за што се прават последните подготовките. Но, граѓаните на Скопје не треба да се грижат – парно ќе има, порача денеска директорот на АД „ЕСМ“, Васко Ковачевски.

Во тек е постапка за прибирање понуди за обезбедување на гас за наредните 6 месеци. „Доколку нема прифатливи понуди за компанија која што ќе понуди испорака на гас, тогаш ќе се подготвиме за работа на топланите на алтернативно гориво – а тоа е дизелот“, вели Ковачевски. Тој тврди дека се обезбедени со опрема и со количини на дизел гориво, за да може да има непрекината испорака на топлинска енергија.

Веќе се набавени потребните дизел пумпи. Системот кој што претходно работеше на мазут и кој еколошки е повеќекратно полош отколку работата на дизел, се санира, се чисти, а пумпите ќе бидат поставени деновиве. До 1 ноември компанијата ќе биде подготвена доколку нема испорака на природен гас да се работи на дизел, објаснува првиот човек на ЕСМ.

Доволно производство на струја

Тој информираше дека ЕСМ нема да склучи договор со АД Топлификација во стечај кој е мнозински сопственик на АД „Скопје Север“ ако не си ги исполнат обврските од минатата грејна сезона. „Јавноста мора да знае дека АД Скопје Север и неговиот мнозински сопственик АД Топлификација во стечај воопшто не соработуваше минатата грејна сезона“, изјави Ковачевски.

Според него, средствата од минатата грејна сезона се уште не се вратени на наменската сметка на ЕСМ, не се потпишани никакви обврски, а греењето кон граѓаните е испорачано.

АД ЕСМ вчера целосно ги задоволило потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети. ЕСМ вчера произвело 12.260 мегават часови електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 7.845 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.415 мегават часови електрична енергија.

Related posts

Како за почеток-Километар по километар до 1,3 милијарди евра за автопатите од Коридорите 8 и 10д

admin

САД И ЕУ НЕМА ДА НОСАТ ОДЛУКИ ЗА СРБИЈА И КОСОВО, РЕЧЕ ДОНФРИД

ninja

Ердоган и Киличдароглу одат во втор круг, кои се нивните стратегии?

admin

Не е точно дека наградуван македонски студент измислил иновативен метод за враќање на видот

admin

Наталитетот паѓа, разводите во “тренд”

admin

Половина од Македонците сметаат дека војната во Украина е судир меѓу Русија и НАТО

admin