14.8 C
Скопје
9 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

Бугарски медиуми објавија дека во најновиот извештај на Европскиот парламент за Северна Македонија се повикува на обновување на работата на заедничките механизми меѓу Скопје и Софија и на спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Според објавите во бугарските медиуми, документот ја нагласува важноста на имплементацијата на меѓународните договори во дух на добра волја, вклучително и Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија.

Во извештајот, како што пренесува „Дир.бг“, се изразува загриженост што последната седница на Заедничката меѓувладина комисија, воспоставена согласно член 12 од Договорот со Бугарија, се одржала на 17 јули 2022 година и оттогаш не била организирана нова.

Европскиот парламент, според текстот, ги повикува владите на Северна Македонија и Бугарија што поскоро да организираат трета седница на Заедничката меѓувладина комисија со цел да се постигне напредок во спроведувањето на Договорот и неговите протоколи.

Во документот се повикува и на обновување на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, која подолго време нема постигнато позначаен напредок.

Бугарските медиуми наведуваат дека извештајот признава постоење различни толкувања за историските карактеристики на македонското општество, но инсистира тие прашања да се разгледуваат врз основа на објективни, автентични и научно поткрепени историски извори и документи.

Во извештајот се изразува и загриженост за, како што се наведува, зајакнати врски меѓу Северна Македонија и Србија, како и за кинеското и руското влијание во регионот.

Сè уште не е закажан датум за расправа и гласање на извештајот на пленарна седница на Европскиот парламент, но според бугарските медиуми, тоа се очекува на 6 јули.

Related posts

Македонските христијани го одбележаа Велигден со пораки за духовна обнова и општествена солидарност

admin

ИСППИ реагира: ДУИ погрешно ги претставува анкетните резултати

admin

Славески: Становите не поскапуваат поради монетарната политика 

admin

ШТО НАЈАВУВА МАЈЛИНДА БРЕГУ?

ninja

Сексуален скандал ја тресе Албанија, инволвиран член од партијата на Рама

admin

Штајнмајер бара граѓаните да не ѝ вртат грб на демократијата

admin