15.8 C
Скопје
29 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

АПЕЛАЦИЈА ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА „ТРЕЗОР“

Поради суштествени повреди во постапката, на Сашо Мијалков пак ќе му се суди за набавката на британска опрема за следење на комуникациите преку фирмата посредник „Финзи“ од Скопје.

Скопскиот Апелационен суд ги прифати жалбите на обвинетите и ја укина првостепената пресуда за случајот „Трезор“. Предметот во кој е обвинет поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков, се враќа на повторно постапување и одлучување пред Основниот кривичен суд во Скопје.

„Апелациониот суд Скопје по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М. од С., Г.Г. од С., Н.С. од С. и Т.Ј. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување“, соопшти Апелациониот суд.

При разгледување на пресудата, повисокиот суд констатирал дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик.

Набавка на опрема преку „Финзи“ 

Предметот се однесува на начинот за набавка на британска опрема за следење на комуникациите преку фирмата посредник „Финзи“ од Скопје. По повеќе од три години од отворањето на случајот „Трезор“ за набавка на британска опрема за следење на електронската комуникација за УБК, судот на 13 април 2021 година донесе пресуди со кои ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков беше осуден на единствена казна затвор во траење од 8 години, а поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, на кој му се судеше во бегство, на единствена казна затвор во траење од 15 години.

Поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, добија затворски казни од по 5 години. Судот ги задолжи обвинетите Мијалков, Михајловски и Јакимовски, ако се потврди пресудата, солидарно да ја надоместат штетата на државниот буџет во износ од над 21 милион денари. Со пресудата требаше да се конфискуваат и средства од фирмата „Финзи“.

Related posts

Самит ЕУ-З.Балкан во Тирана: Како да се поттикне економски развој?

admin

Полицијата разби уште една терористичка ќелија во Северна Македонија

admin

Нефју: Имаме веродостојни информации дека Мерко бил вмешан во голема корупција

admin

Србија продолжува да се качува како најпрепознатлив пријател на нашата држава

admin

ПОЕВТИНА СТРУЈА ЗА 518 КОМПАНИИ, УЧИЛИШТА И ИНСТИТУЦИИ

ninja

Роботи-работници, еве што можат новите хуманоиди на Тесла

admin