Западните земји се во оваа ниво на нивниот развој, токму поради тоа што во рамките на јавните политики создадоа креативна интеракција и синергија со сферите на независно размислување, кои професионално и одговорно дадоа насоки за развој на политики преку истражување, бескрајни студии, концептуални размислувања и научни парадигми кои одговорија на одредена реалност и социјална и институционална еволуција. Ништо не е случајно, автономните општествени сфери отсекогаш произведуваат и продолжуваат да продуцираат мисла, чувствителност и друга визија за светот што одговараат на предизвиците на времето.
Пишува: Бардул Заими
Колку и да се обидуваме да го поедноставиме светот останува комплицирано да се објасни. Во политичкиот простор објаснувањата стануваат уште посложени. На Балканот, каде постојано се произведуваат бесконечни фалења, толкувањата стануваат уште поневозможни.
Но, сегашноста и иднината се наоѓаат спроти еден категоричен императив за да реагираат, интерпретираат и да направат рефлексија над политичките и социјалните реалности. И ова останува една тешка работа, бидејќи политиката се сфаќа само како утилитаризам и фрагментиран секојдневен живот, кои цело време се трудат да ја скематизираат интерпретацијата во униформно мислење кое не смее да го надмине сеприсутниот просек.
И каде може најдобро во драмата да се појават овие дилеми на душа што бара промена, што бара поинакво разбирање на светот, над целиот тој систем поставен како канон што се обидува да одржи фатална корелација помеѓу робот и суверенииот како што опишува во неговата извонредна книга “За човековата слобода и робство”, филозофот Николај Берџаев.
И кој може подобро од Шекспир поинаку да ја артикулира оваа дилема? Во Хамлет, ние ќе најдеме акција за промена на светот. “О свету, о проклет, зар јас сум се родил да те поправам”, вака вели Хамлет во неговиот најголем очај. Токму овој крик се толкува во рамките на социјалните теории, покрај илјадниците уметнички за едно од ремек-делата на Шекспир за “за тешкиот принц”, како што дефинира во еден негов есеј писателот Исмаил Кадаре.
Овој крик на Хамлет во едно нелитературно компаративно толкување се смета за општествена акција за промени и како премиса на одговорност и општествена свест која ги артикулира и унапредува денес оние автономни сфери на академскиот и граѓанскиот свет кои во западното општество остануваат движечка сила на јавната и политичката мисла. Во нашите простори овој крик се чини нејасен и речиси безначаен. Всушност, постојат две работи кои меѓусебно се негуваат во процесот на балканските повторувања и во процесот на недвижење на идеи. Од една страна, е политиката која речиси целосно ја игнорира оваа автономна сфера на размислување, а од друга страна имаме автономна сфера која живее во “огромни научни” филмови што не наоѓаат простор во социјалната и политичката динамика.
Со години постои фатален јаз меѓу двете јавни сфери, кои немаат интеракција меѓу себе. Постојат два паралелни света, од кои секоја постои за своја волја. Политиката што ги повторува драмите на бескрајната наплив на човечко суштество и на сферата на автономната мисла, наместо да биде катализатор и протагонист во политичките и општествените процеси, се одлучи за сместување во неприкосновен свет однадвор.
Во оваа линија треба да разликуваме две моменти кои остануваат исклучок за овој вечен однос на недвижење и шемите предодредени од двата табори. Едениот момент е поврзан со фактот дека овие неколку гласови кои достојно обезбедија други хоризонти за иднината на политиката и општеството воопшто, додека вториот момент е поврзан со фактот дека политиката некогаш ги стекнувала гласовите од автономната сфера со лоша намера да се оправда нејзината волја за моќ а не да создаде креативна синергија за иднината.
Во времето кога овие две тела за јавното мислење постојат паралелно како свет, надежта за создавање поголема интеракција и поставување други координати на институционалното функционирање секогаш ќе биде слаба. Несомнено, оваа ситуација произведува постојан политички монолог кој е операционализиран во моменталното донесување на одлуки кои во никој случај не можат да бидат инклузивни и ефективни во однос на системските промени кои се очекува да се појават како нови практики. Оваа ситуација, исто така, произведува автономна сфера на мислење, која постои надвор од каква било обврска во јавната сфера, имено во областа на креирањето на јавната политика.
Оваа состојба останува “рај” за политичката просечност, за повторениот монолог на политиката, што повеќе подразбира слогани за поткуп отколку визија и практика на влада која ги вклучува интересите на сите граѓани. Оваа ситуација произведува партија-држава, партија- општество, партија која насекаде се наоѓа која се самоповредува со магијата на моќта или власта, но што во никој случај не успева да создаде сеопфатна дебата за различните проблеми и причини за општествените групи.
Оваа ситуација, исто така, произведува профан Фејсбук статус експерт кој, во отсуство на релевантни размислување што требаше да дојде од реални сфери на автономна мисла, се изјаснува надлежен за сè. Овој тип на експерт знае само две ситуации на функсионирање: или слепо поддржува или противречи, без да разбира ништо. Ова е, всушност, експерт за „њу спикот„ на Оруел целосно арогантен и амбициозен во неговата намера да биде партиска “елита” основана во власта контролирана од политичките „елити„.
Политиката што се подразбира само како сила, а не како визија, политиката која е крајно утилитарна и дехуманизирана, се храни токму од оваа некомпетентна “мисла”. Тоа е затоа што политиката размислува и продолжува да размислува за надворешната фасада а не одржливиот развој кој им обезбедува долгорочна благосостојба на граѓаните.
Западните земји се во оваа фаза од нивниот развој, токму поради тоа што во рамките на јавните политики создадоа креативна интеракција и синергија со сферите на независно размислување, кои професионално и одговорно дадоа координација за развој на политики преку истражување, бескрајни студии, концептуални размислувања и научни парадигми кои одговорија на одредена реалност и социјална и институционална еволуција.
Ништо не е случајно, автономните општествени сфери отсекогаш произведуваат и продолжуваат да продуцираат мисла, чувствителност и друга визија низ светот што одговараат на предизвиците на времето. Овие автономни области на размислување и социјална акција се главните точки на одржливиот развој, кои секогаш се во интеракција достојни за политика. Ова е релевантна мисла базирана на знаење кое го ориентира целиот план на политичкиот и општествениот живот.
Сме таму каде што сме, со монологот на политиките без јасна визија и автономни сфери на размислување што како референца се имаат самите себеси. Само креативна синергија меѓу двата паралелни светови кои патуваат сега за сега слепо може да се надеваат дека ќе се променат квалитативно. Во спротивно ќе се продолжи со политиката што само ветува, или која се фаќа за моменти на сезонски “сјај”.