18.8 C
Скопје
7 мај, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

КОЈ ЈА ПЛАЌА ЦЕНАТА НА МЕДИУМСКАТА ЛАГА?

„А што има ќар медиумот ако ме излаже мене?“ Со ваква реакција најчесто се бранат луѓето кои не можат да ја разберат ниту големината и важноста на нивното мислење и став, ниту пак големината и важноста на медиумите во едно општество.

Пишува: Катерина Топалова

Никогаш порано не сме имале поголеми можности да бидеме информирани. Дигиталната ера отвори можност за широки погледи, но во исто време ги скрати и веќе постоечките. Ваквата достапност на информации отвори можност и за брзо и лесно ширење и на лаги и манипулации, недоречени информации и полувистини. Медиумските содржини можат да бидат еднострани, половични, наведувачки, да бидат полувистинити или целосно неточни. Но кој има ќар да ве излаже токму вас? Кој ја плаќа цената на медиумската лага?

Во ерата на информациска инфлација и екстаза на комуникација, човекот и сам стана информација.

Да се биде медиумски писмен значи да не се верува во се`, да се умее критички да се чита секоја информација, да се направи проценка со која цел е создадена и на кој начин.

Луѓето кои не знаат да читаат, лесно можат да бидат излажани што пишува. Луѓето кои не знаат како да читаат, лесно можат да поверуваат во лага.

Кој и како заработува од вашата лековерност?

Медиумите се важна алка, важен играч во едно општество. Тие се спроводникот на информациите до широката маса, можноста секоја вест да стигне до поединецот. Во вакви услови, воопшто не е не важно дали до вас ќе пристигне точна или лажна информација.

Креирањето на сопствениот став и правењето на понатамошни чекори во животот е резултат на информациите со кои располагаме. Ако вие сте постојана мета на лаги, тогаш вашите одлуки ќе бидат погрешни или појасно, ќе донесувате одлуки кои ќе бидат во корист на некој друг.

Медиумската неписменост дозволува со слаткоречивост и маневри со зборови да цути корупцијата, преку оркестрирани лаги да се креира лажна визија, паника. За да се сокрие вистината треба да се иума цел, а таа цел секогаш е профит за малкумина.

Медиумските лаги не се привилегија само за нашето општество, тие се светски феномен, инструмент за креирање средини кои се идеални за корупција, недоверба во науката, ширење на теории на заговор, недоверба во медиумските работници, недоверба во институции, како и оттуѓување и недоверба во луѓето.

Медиумската писменост мора да биде дел од образованието, да биде дел од наставно научните програми од најрана возраст, да биде цел во емисии, текстови на интернет и на сите платформи достапни за публиката.

Медиумската писменост е важна за сите возрасти, оти таа е дел и од општата писменост.

На крај, медиумските лаги ги плаќаме сите, како индивидуи и како општество, создавајќи полусвет во кој го трошиме нашиот живот!

Related posts

Соочување во Скопје: Дали сè уште можеме да соработуваме?

admin

ПРАВЕДЕН ДАНОЧЕН СИСТЕМ ЗА ОДРЖЛИВ, ИНКЛУЗИВЕН И ЗАБРЗАН ЕКОНОМСКИ РАСТ

admin

Политички булинг

admin

ЈА ДОБИВМЕ БИКТАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

admin

Осигурителната полиса на НАТО не важи за луѓето што решиле самите да си ја запалат куќата

admin

Коридор 8: Кој то тамо пева?

admin